Венеција и уште 9 дестинации ширум светот каде што автомобилите се забранети
Венеција е можеби најголемиот град во кој се забранети автомобилите, а најголемата причина за ова е инфраструктурата на градот, односно тесните улички и бројните канали.
Не можеме да си го замислиме модерниот живот без автомобил или барем некакво моторно превозно средство, но многу дестинации ширум светот покажуваат дека ова е возможно.
Додека некои поголеми градови, како Париз, планираат да ги забранат автомобилите само во центарот на градот, помалите гратчиња можат да си дозволат целосно да се ослободат од нив.
Во кои гратчиња и села ширум светот има забрана за автомобили?
Гиеторн, Холандија
Холандското гратче Гиеторн по малку наликува на Венеција – наместо патишта, има канали, а куќите се наоѓаат на мали островчиња. Овде нема автомобили и жителите се движат низ гратчето пеш, со велосипед или со брод.
Цермат, Швајцарија
Со цел да се спречи загадувањето на воздухот, во Цермат во Холандија има забрана за автомобили. Единствено локалните бизниси можат да користат автомобили, но само електрични.
Ла Кумбресита, Аргентина
Ова живописно гратче во Аргентина се фокусира на еколошкиот туризам, поради што има и забрана за автомобили. Овде луѓето се движат само пеш, па ако сакате да го посетите, ќе мора да го оставите автомобилот на влезот.
Холбокс, Мексико
Холбокс е остров во Мексико каде што единствените средства за превоз се велосипедите и малите возила кои обично се користат на терените за голф.
Халибут Коув, САД
Халибут Коув во Алјаска не може да се нарече гратче бидејќи има само 60-тина жители. Најпрво било рибарско село, но сега повеќе наликува на туристичка дестинација. Сите куќи се изградени на мали островчиња, па единственото превозно средство што се користи се чамците.