12 помалку познати знаменитости од целиот свет што вреди да ги видите
Знаевте ли дека во Торино, Италија, има станбени згради кои изгледаат како куќичка на дрво?
Ајфеловата кула во Париз, Колосеумот во Рим и Биг Бен во Лондон се атракции што им се добро познати на сите.
Но, ширум светот постојат исто толку спектакуларни атракции кои не се многу познати, но сепак го заслужуваат вашето внимание.
Во продолжение дел од нив:
Улични светилки во форма на цветови, Израел
Овие огромни цветови се всушност улични светилки, а нивните „листови“ се отвораат, односно „расцветуваат“ кога под нив поминува некој.
Уникатната инсталација се наоѓа во Ерусалим на плоштадот Валеро.
Црвени врати, Шкотска
Во Шкотска има интересна традиција која им овозможува на луѓето да се „пофалат“ дека се ослободиле од голем долг. Некои Шкотланѓани, кога ќе го исплатат нивниот дом, ја фарбаат влезната врата црвена.
Па, низ Шкотска можете да забележите многу куќи со црвени влезни врати кои навистина изгледаат добро.
Портал помеѓу два града, Полска и Литванија
Љублин во Полска и Вилнус во Литванија се поврзани со интересна инсталација која наликува на портал.
Во двата града има поставено огромен кружен екран со камери. На екранот во Вилнус има директен пренос од камерата во Љублин, и обратно.
Огромен мурал, Мексико
Во мексиканскиот град Пачука има огромен шарен мурал кој е нацртан на околу 200 градби.
Наводно, муралот бил направен по инцијатива на неколку активисти кои сакале да внесат малку живост во градот кој инаку е познат по сиромаштијата.
Market Hall, Холандија
Во Холандија се наоѓа необична градба наречена Market Hall (или Markthal) која на ликува на огромна капија.
Во зградата има станови и канцеларии, а во средниот, дел чија внатрешност е украсена со живописни слики, има продавници.
Библиотеката Tianjin Binhai, Кина
Сигурни сме дека немате видено библиотека како Tianjin Binhai во Кина. Полиците се простираат од подот до таванот и на нив има место за 1,2 милиони книги.
Среде библиотеката има и огромна сфера, поради што градбата неретко е нарекувана и „Злобно око“.