12 помалку познати знаменитости од целиот свет што вреди да ги видите
Мостот Ruyi, Кина
Овој мост со скалила е долг 100 метри, на висина од 140 метри.
Мостот има три платформи за движење искривени во лак, а пред да почне изградбата, многумина биле убедени дека е невозможно да се изведе градба како оваа.
Хотелот Park Royal, Сингапур
Лоциран во центарот на Сингапур, овој хотел изгледа како висечка градина.
Фасадата е украсена со неколку нивоа зеленило кои наликуваат на мали шуми.
Вертикална градина, Шпанија
Таканаречената вертикална градина се наоѓа во Мадрид, Шпанија и е всушност дел од зграда која служи како музеј.
Не е познат точниот број на растенија бидејќи постојано се заменуваат, но се претпоставува дека има помеѓу 15.000 и 17.000.
„Куќа на дрво“, Италија
Во Торино има станбена зграда која изгледа како куќа на дрво за која сите сонувавме во детството.
Наводно, идејата зад дизајнот е да ги заштити станарите од бучавата и загадувањето во градот, а архитектите навистина завршиле многу добра работа.
Забавниот парк Tropical Island Resort, Германија
Ова е најголемиот затворен воден парк во светот и се наоѓа во малото гратче Краусник во Германија.
Паркот е направен во поранешен хангар и има капацитет за 8.200 посетители дневно.
Јавната библиотека во Канзас, САД
Фасадата на библиотеката во Канзас, САД изгледа kако огромна полица со огромни книги. Фасадата ја сочинуваат 22 „книги“ високи по 7-8 метри, а насловите се предложени од читателите и потоа селектирани од вработените.
А, направиле навистина добар избор – „полицата“ ја сочинуваат книги како „Да се убие птицата подбивница“, трилогијата „Господарот на прстените“, „Приказна за два града“ и „Фаренхајт 451“.
Спирова С. | Црнобело