10 волшебни места под заштита на УНЕСКО кои се најпопуларни на Инстаграм – колку сте посетиле од нив? (фото)
Историски центар на Прага, Чешка (17.731.077+ Инстаграм ознаки)
Од 1992 година, историскиот центар на Прага е на списокот на светско наследство на УНЕСКО.
Посебна мешавина од барокна и готска архитектура, атмосферскиот Стар град, симболичниот Карлов мост, замокот од бајките, кулата и црквата го прават овој историски центар уникатно опкружување за бескрајни прошетки.
Будимпешта, Унгарија (14.665.910+ ознаки на Инстаграм)
Централната област на Будимпешта покрај Дунав е на списокот на светското наследство на УНЕСКО и има многу споменици кои ѝ припаѓаат на класичната архитектура, како што се унгарскиот парламент и замокот Буда.
Бразилија, Бразил (13.277.931+ ознаки на Инстаграм)
Главниот град на Бразил е познат по својата модерна и смела архитектура. Изградбата започнала во 1956 година и била отворена 41 месец подоцна, во април 1960 година.
Центарот на градот е дел од Светското наследство на УНЕСКО.
Историскиот центар на Санкт Петербург, Русија (11.987.336+ ознаки на Инстаграм)
„Главниот град на северот“ на Русија, Санкт Петербург, честопати се нарекува „северна Венеција“, благодарение на лавиринтските канали и прекрасните барокни и неокласични градби кои го красат центарот.
УНЕСКО го прогласи целиот центар и многу предградија на градот за светско наследство.
Кито, Еквадор (9,854,551+ ознаки на Инстаграм)
Кито е главен град на Еквадор. Изграден на надморска височина од 2.850 метри, и е втор планински главен град во светот по главниот град на Боливија, Ла Паз.
Во 1978 година, УНЕСКО го вклучи градот Кито на списокот на светско наследство.
(О)Милена | Црнобело