10 волшебни места под заштита на УНЕСКО кои се најпопуларни на Инстаграм – колку сте посетиле од нив? (фото)
Од Рим и Будимпешта до Рио де Жанеиро, ова се светските наследства под заштита на УНЕСКО со најмногу објави на Инстаграм во 2021 година.
Постојат над 1.000 локации во светот – од индивидуални згради до цели градови, природни локалитети и острови, кои се прогласени за светско наследство од УНЕСКО.
Нивната посета претставува животно искуство за многу туристи и посетители.
Неодамна, британската компанија Design Bundles ги објави најпознатите локации на Инстаграм кои се на списокот на светско наследство на УНЕСКО, откако ги испита 145-те најпопуларни локации ширум светот и го анализираше бројот на објави на Инстаграм поврзани со секоја од нив во изминатата година.
Ова се 10-те најпопуларни локации на УНЕСКО за 2021 година, според истражувањето на компанијата објавено од страна на Форбс:
(бројот на ознаките на Инстаграм се однесува за периодот кога е правено истражувањето, а сега истите се секако зголемени)
Историски центар на Рим, Италија (61.244.436+ ознаки на Инстаграм)
Рим е вечниот град – атракција која секоја година ги краде срцата на милиони посетители.
Историскиот центар на Рим е огромен археолошки локалитет со споменици кои се одликуваат со исклучителна убавина и големи музеи.
Рио де Жанеиро, Бразил (45.039.569+ ознаки на Инстаграм)
Рио де Жанеиро е прогласен за светско наследство на УНЕСКО поради неговиот урбан и крајбрежен пејзаж.
Неговата спектакуларна природна локација, џиновската статуа на Исус Христос, плажите Ипанема, Леблон и шумата Тијука се само некои примери за освојување на титулата.
Венеција и нејзината лагуна, Италија (25,755,922+ ознаки на Инстаграм)
Венеција е различна од кое било друго место во светот. 117 острови поврзани со околу 410 мостови ја прават уникатна дестинација за патување.
Целиот град е наведен како светско наследство заедно со неговата лагуна.
Киев, Украина (21.914.502+ ознаки на Инстаграм)
Во главниот град на Украина, љубителите на историјата и архитектурата ќе бидат воодушевени од архитектонскиот ансамбл Света Софија и манастирот Киевско-Печерска Лавра, кои од 1990 година се дел од светското наследство на УНЕСКО.
Историски центар на Фиренца, Италија (21.516.815+ ознаки на Инстаграм)
Испреплетена со ренесансата, уметноста, романтиката и естетиката, Фиренца е голем и жив музеј на отворено.
Историскиот центар, кој е под заштита на УНЕСКО, е „полн“ со уникатни ремек-дела, уметност и архитектура.