Најромантичното италијанско селце среде Доломитите - ќе посакате да се разбудите таму (фото)
Селцето Кастелмецано е среде Доломитите, има живописни улички, прекрасна природа и спектакуларен поглед. Ах, духот на Италија! Со кого би сакале да се разбудите таму?
Кастелмецано е мало селце среде планини на југот од Италија. Често го има на листите на најубави села во Италија, а се наоѓало и на разни листи со наслови од типот „Најдобрите места во светот за кои никогаш не сте слушнале“.
Неговата најголема магија е локацијата. Сместено е на планинскиот венец Доломити и изгледа како сцена од бајка во секој период од годината.
Куќи во карпи, стрмни скали, живописни улички и спектакуларен поглед, фотографиите од ова селце ќе ви побудат емоции и ќе посакате уште утре да се разбудите таму.
Далеку од сè се наоѓа ова место, а за вакви места се пишуваат романи. Мистично и инсипиративно.
Кастелмецано е совршен баланс на природа и дело на човекот. Црквите и остатоците од некогашни градби му даваат посебен шмек.
Повеќе фотки од магичното италијанско селце:
С. С. | Црнобело