Сирос – совршено скриена тајна во срцето на грчките Киклади (фото)
Мирисот на маслинови гранчиња и цвеќиња е опоен, а мачките се дел од задолжителниот декор низ тесните улички на најдобро чуваната тајна на Кикладите – Сирос.
Овој грчки остров е лоциран во срцето на Кикладите во Егејското Море. Иако Сирос ни одблиску не е толку популарен како Тасос, Скијатос, Санторини или Миконос, сепак успева да привлече туристи кои се во потрага по живописен и незаборавен одмор.
На Сирос ќе најдете тивки, мирни, одлични плажи како Делфини, Галисас, Агатопес.
Јужниот дел од островот е идеален за истражување со помош на велосипед или автомобил. Она што е најкарактеристично за островот е мирот и тишината.
Совршена, хармонична идила која е зачинета со вкусна храна, маслинки и исклучително добро локално сирење.
Заборавете на луди забави, премногу бучава или пак врвулица од туристи. На Сирос ќе го пронајдете мирот за кој не сте биле свесни колку ви бил потребен:
https://www.instagram.com/p/CSXHBZSqt_H/
https://www.instagram.com/p/CSW_TMaMlkb/