„Работам на брод 8 години – зошто топло ви препорачувам да одите на крстарење?“

Крстарењата отсекогаш биле фантастичен начин на патување, спој на луксуз, забава, стил и одлични дестинации, не попусто се вели, барем еднаш во животот, појдете на крстарење. Бидете дел од тој пловен град, раскошен и елегантен со постојана забава и музика, вкусни специјалитети и гламурозни гала вечери. Крстарењето е одлична комбинација на практично патување спакувано во елеганција и луксуз.

avantura-spakuvana-vo-luksuz-i-sekoj-den-nova-destinacija-zoshto-barem-ednas-vo-zivvotot-da-odite-na-krstarenje-01.jpg

Јас, вечен вљубеник во патувањата, зависник од авантури и модерен морнар со осумгодишно искуство, ви велам дека барем еднаш во животот треба да одите на крстарење.

Да ја откриете и почувствувате магијата на отвореното море, да се заљубите на прв поглед во зајдисонцето на морска шир, да се будите секое утро на ново пристаниште и да уживате во елеганција и луксузот на пловните хотели, кои јас ги нарекувам свој дом, барем седум месеци во годината.

avantura-spakuvana-vo-luksuz-i-sekoj-den-nova-destinacija-zoshto-barem-ednas-vo-zivvotot-da-odite-na-krstarenje-03.jpg

Некогаш загарантирани само за повисоката класа, но денес, подостапни за сите, со најразлични дестинации низ светот и со цени кои зависат од луксузот, пакетот услуги и сезоната, но сепак пристојни и не толку невозможни.

avantura-spakuvana-vo-luksuz-i-sekoj-den-nova-destinacija-zoshto-barem-ednas-vo-zivvotot-da-odite-na-krstarenje-43.jpg

За мене, крстарењето е тоа волшебно патување на кое заспивате во еден град и се будите во друг, подготвени за нова авантура. И иако сум дел од многубројниот екипаж, сепак ја открив сета негова магија…

Наместо свечен фустан, носам униформа, наместо да уживам - јас работам, но во моментите на слободно време, кога ќе застанам на палубата и погледот ми се губи во бескрајното синило, тогаш го наоѓам својот мир.

avantura-spakuvana-vo-luksuz-i-sekoj-den-nova-destinacija-zoshto-barem-ednas-vo-zivvotot-da-odite-na-krstarenje-10.jpg

Само замислете се, седум ден на пловен град, театарски шоуа секоја вечер, чаша фин шампањ на зајдисонце или утринска гимнастика со поглед кон морската шир, тематски забави до раните утрински часови и фантастични екскурзии кога бродот закотвува, историски прошетки, шопинг тури или едноставно ден на плажа.

На крстарењата има по нешто за сечиј вкус, од музика до пијалаци, продавници, казино и мали мирни катчиња за релаксирање со добра книга и кафе.

avantura-spakuvana-vo-luksuz-i-sekoj-den-nova-destinacija-zoshto-barem-ednas-vo-zivvotot-da-odite-na-krstarenje-22.jpg

Нов ден, нова дестинација

Можноста за патување и секојдневно посетување на нови места ме однесе во светот на крстарењата. Највозбудливиот дел од крстарењата е можноста да се посетат повеќе дестинации во еднонеделно патување.

Медитеран, Кариби, Јужна Америка и Африка, Балтичкото крајбрежје и Северна Европа, ледената Алјаска и ориентот… Можностите се неограничени, а авантурата и уживањето загарантирани.

avantura-spakuvana-vo-luksuz-i-sekoj-den-nova-destinacija-zoshto-barem-ednas-vo-zivvotot-da-odite-na-krstarenje-41.jpg

Од романтична прошетка и гондоли во Венеција, преку посета на легендарните дела на Гауди во Барселона до мала културна екскурзија во Кан, епицентарот на филмскиот свет во Европа.

Додавајќи ги песочните плажи на Канарските острови и ледената сангрија за вистинско Медитеранско доживување. Карибите пак ве носат во магичниот подводен свет, бели долги плажи и пливање со делфини.

А ако би ја одбрале Јужна Америка како ваша дестинација за крстарење, тогаш сигурно ќе се заљубите во латино ритамот, лудите забави и експлозијата на бои, вкусови и гостопримливите локалци кои ќе ве заведат со бразилската провокативна самба или класичното аргентинско танго.

Карипското сонце ќе ве пречека на долгите плажи, а ориентот ќе во однесе на патување низ времето.

avantura-spakuvana-vo-luksuz-i-sekoj-den-nova-destinacija-zoshto-barem-ednas-vo-zivvotot-da-odite-na-krstarenje-39.jpg

Јас го обожавам Медитеранот, спој на култури, историски споменици, старата архитектура, тесни улички низ средновековните градови, многу природа, маслинови дрва, мирис на лаванда и рузмарин, мали каменести плажи и романтични зајдисонца на морското крајбрежје.

avantura-spakuvana-vo-luksuz-i-sekoj-den-nova-destinacija-zoshto-barem-ednas-vo-zivvotot-da-odite-na-krstarenje-15.jpg

Луксуз, гламур и елеганција

Она што го прави крстарењето волшебно е сиот негов луксуз и гламур, прекрасен ентериер накитен со уметнички дела, неопислив комфор и елеганција на секој агол, со модерни детали и декорации.

avantura-spakuvana-vo-luksuz-i-sekoj-den-nova-destinacija-zoshto-barem-ednas-vo-zivvotot-da-odite-na-krstarenje-24.jpg

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

12 европски дестинации кои може да ги посетите во есен (според искусни патувачи) Ако немате идеја каде да заминете на следно патување, искусните патувачи на Euro...
9 европски дестинации каде и во рана есен е уште топло Од Кипар до Анталија, постојат повеќе места каде може да отидете на есенско пату...
14 најубави плажи во Европа за 2024 – пет се во Грција, една во Албанија Златни, песочни плажи на Канарските острови, диви плажи во Грција, широки плажи ...
Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
Најпознатите (и најзначајните) градби ширум светот Пирамидите во Египет се како симбол на древен Египет кој ја покажува моќта, но и...
Ненеци, народ кој живее „на работ на светот“: Јадат месо од ирваси, преживуваат и на -50°C Секое семејство има по еден ирвас „домашен миленик“. А ирвасите им нудат на Нене...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg