9-те најчести грешки кои луѓето ги прават кога одат на крстарење

Немојте да претпоставувате дека нема да добиете морска болест

Иако во автомобил не ви се случило да ви се гади, тоа не значи дека нема да ви се слоши ако сте на брод. Возењето на бродот може да биде мошне турбулентно, а ако ова ви е прво патување никогаш не можете да знаете како ќе реагира вашето тело.

Задолжително пред патување консултирајте се со лекар и побарајте соодветен лек што би ви помогнал да не ви се слоши.

Samo-fala-ne-e-dovolno-ostavete-bakshiz-voobichaeni-greshki-shto-lugjeto-gi-pravat-koga-odat-na-patuvanje-so-kruzer-08.jpg

Не го преполнувајте вашиот распоред

Крузерите вообичаено имаат голем број настани. Тоа што сте таму не значи дека мора сè да видите, a практично е и невозможно да бидете секаде, на крајот ќе се истоштите.

Samo-fala-ne-e-dovolno-ostavete-bakshiz-voobichaeni-greshki-shto-lugjeto-gi-pravat-koga-odat-na-patuvanje-so-kruzer-09.jpg

Немојте да мислите дека нема да потрошите дополнителни пари

Тоа што сте платиле билет не значи дека сè ви е платено, односно дека нема на што да потрошите пари. Има луѓе што велат дека им се случило уште на првиот ден да ги потрошат сите пари што ги понеле со себе.

Samo-fala-ne-e-dovolno-ostavete-bakshiz-voobichaeni-greshki-shto-lugjeto-gi-pravat-koga-odat-na-patuvanje-so-kruzer-11.jpg

Што да облечете за формална вечера?

Кога се подготвувате за патување треба да имате предвид дека сите крузери имаат некој вид на формална вечера. Секако, тоа што треба да го понесете зависи од бродот. На некои крузери можете да се појавите и со кратки пантолони, а на други тоа е незамисливо. Информирајте се!

Samo-fala-ne-e-dovolno-ostavete-bakshiz-voobichaeni-greshki-shto-lugjeto-gi-pravat-koga-odat-na-patuvanje-so-kruzer-12.jpg

Б. С. Б. | Црнобело/ фото: depositphotos.com/insider



Би можело да ве интересира:

Ненеци, народ кој живее „на работ на светот“: Јадат месо од ирваси, преживуваат и на -50°C Секое семејство има по еден ирвас „домашен миленик“. А ирвасите им нудат на Нене...
Обичаи при посета на манастирот Острог во Црна Гора - што треба да понесете и како да се однесувате? Во манастирот не се доаѓа со голи раце и нозе. Верниците ги оставаат своите личн...
Паролдо: Вошебно италијанско село во кое се верува дека живеат вештерки (фото) Паролдо има околу 230 жители, а постојат легенди дека во волшебното село живееле...
12 европски дестинации кои може да ги посетите во есен (според искусни патувачи) Ако немате идеја каде да заминете на следно патување, искусните патувачи на Euro...
Српска блогерка споделува: Колку пари се потребни за посета на спомениците низ Истанбул? За посета на Аја Софија ќе ви требаат 25 евра, за Токапи палатата 45... Колку па...
Котор, Скопје: Градови кои имаат стари делови што зрачат со магија (и се совршени за есенска дестина... Старата скопска чаршија е како спој на разни култури и националности и до денес ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg