9-те најчести грешки кои луѓето ги прават кога одат на крстарење
Без разлика дали тоа ќе ви биде прво или којзнае кое по ред патување, сепак може да ви се случат некои грешки. За да ги избегнете добро е да направите план пред да тргнете.
Моника Хемфрис разговарала со повеќе патници што често одат на патување со крузери.
Таа во сторија за Insider ги пренесува искуствата за тоа кои се деветте најчести грешки при патувањата со крузер.
Секако, овие правила и совети не важат буквално за секое крстарење и секој крузер, но добро е да ги имате на ум...
Пакувате повеќе облека отколку што ви треба
Ова е една од најчестите грешки што луѓето ја прават кога патуваат. Кога се пакувате за патување со крузер најдобро е со себе да понесете лесна облека што лесно ќе можете да ја носите и надвор и внатре.
Не оставате бакшиш на вработените
Кога патувате со крузер само „благодарам“ не е доволно. Вработените и персоналот очекуваат за добрата услуга да им дадете бакшиш. Најголемиот дел од парите што вработените го заработуваат доаѓа токму од бакшишот, па затоа доколку сте задоволни од нечија услуга добро би било да оставите и повеќе од вообичаено.
Не истражуваат доволно на бродовите
Поголемиот дел од крузерите имаат повеќе бифеа. На некои од нив има и познати готвачи што се добитници на повеќе Мишелин ѕвезди, но и телевизиски ѕвезди. Така што крузерите се одлична можност да пробате нешто ново.
Храната во мензата е бесплатна
Поголем број луѓе велат дека им требале неколку патувања за да сфатат дека храната што се служи во мензата е бесплатна и е вклучена во цената на патувањето.
Не заборавајте да понесете пари во помали банкноти
Повторно се враќаме кај бакшишот. Наместо да носите банкнота од 100 долари или 100 евра, добро е да понесете помали банкноти за бакшиш.