Мини - одмор на балкон

mini-odmor-na-balkon-povekjeДојдоа потопли денови, сè уште не е лето, но доволно е топло и доволно долго работиме па со нетрпение го очекуваме годишниот одмор.


Дали ќе отидеме на некое егзотично патување, кога ќе дојде времето за годишен одмор, зависи од нашата финансиска состојба, обврските што ги имаме,нашето расположение....

Но, еден мал, сосема мал одмор можеме да си дозволиме уште сега, уште денес и тоа на сопствениот балкон или во сопствениот двор.

mini-odmor-na-balkon

Дали ги изнесовте столиците и цвеќињата на балкон или во дворот? Аке е потврден одговорот, половина работа е завршена за да уживате во мини одморот. Што уште ви треба?

Ви треба само капучино, или кафе, ако сте љубител на добри вина...може и вино. Со убавото време, капучиното и виното можете да си замислувате дека уживате некаде на некој италијански плоштад, можете дури на кратко и да се сончате.

За ваков мини одмор ви треба уште нешто: во некој од работните денови по работа наминете до туристичките агенции и земете ги сите проспекти што ви се допаѓаат (нема врска дали навистине ќе одите таму).

Потоа додека седите на сонце и пијуцкате капучино, полека разгледувајте ги проспектите и замислете се на секоја дестинација која што ќе ви се допадне.

Овој мини одмор трае онолку колку што ви е потребно да го испиете капучиното, или пак чашата вино, а сепак преставува одмор за душата.

Би можело да ве интересира:

Топ 8 европски дестинации, за патувачи кои ја сакаат зимата, а не скијаат Зимско бегство во Златибор, или уживање во луксуз во Цермат, Швајцарија, но и во...
Плажи на Кипар што вреди да се посетат (и што треба да знаете за нив) Кои се најпосетените плажи на Кипар, а за кои малкумина знаат? Во продолжение из...
9 европски дестинации каде и во рана есен е уште топло Од Кипар до Анталија, постојат повеќе места каде може да отидете на есенско пату...
Што можете да правите во Фиренца оваа есен? Видете го најпознатиот мост во Италија, восхитувајте се на уникатната готска кат...
7 причини зошто уште веднаш да се спакувате и да го посетите Лисабон Ќе се вратите низ времето со ретро трамвајот број 28, но и ќе ги вкусите најдобр...
Фото-прошетка низ Котор - црногорски град во кој посетителите секогаш се враќаат Црногорски град на прекрасното јадранско крајбрежје, Котор е местото кое не смее...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg