Раритет во Македонија кој вреди да се посети – Цоцев Камен во кратовско (фото)

Цоцев Камен (со напоредни називи Трон или Пешта) е вулканска карпа која во праисторијата се користела како мегалитска опсерваторија.

Cocev-Kamen-vo-Kratovsko-01.jpg

Се наоѓа во атарот на кратовското село Шопско Рударе, поточно во близина на маалото Цоцевци и селото Коњух. Самата карпа се издвојува од околните ридишта и е особено интересна. Видливи се и остатоци од човечка обработка.

На стотина метри источно од Цоцев Камен се наоѓаат мегалити кои служеле како сончеви и месечеви нишани. На врвот на карпата се наоѓа престол свртен на исток кон нишаните, од каде што може да се следи во која точка изгрева Сонцето и Месечината и според тоа да се формира сончев календар.

Вредноста на Цоцев Камен е откриена во 1971 година. Некои истражувачи го сметаат за единствен локалитет во светот кој на едно место има светилиште, жртвеник и опсерваторија.

Доколку имате желба да посетите необична дестинација низ Македонија, Цоцев Камен треба да се најде на вашиот список:

View this post on Instagram

A post shared by @instadekogram

https://www.instagram.com/p/CHvhOburp84/

https://www.instagram.com/p/Bw9P6D5H9sZ/

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Предлог за кратко викенд патување: 5 преубави македонски села Овие пет села се само мал дел од богатата ризница на Македонија. Ги има уште мно...
Каде за Први мај - 13 места за излет во природа низ Македонија Со семејството или со друштво, добра музика, вкусна храна, студени пијалаци и се...
5 плажи во Албанија со кристално чисто море (од кои 4 се изолирани) До една од овие плажи се стигнува само со брод, а до другите две мора да пешачит...
Најубавите божиќни базари во Европа за 2023, кои вреди да ги посетите Од базарите во Стразбур и Колмар во Франција, до малиот базар во Опатија, Хрватс...
Паролдо: Вошебно италијанско село во кое се верува дека живеат вештерки (фото) Паролдо има околу 230 жители, а постојат легенди дека во волшебното село живееле...
Предлог зимска дестинација во Македонија: Нижеполе изгледа како снежна бајка Доколку сакате да се релаксирате, да уживате во топол чај со прекрасна глетка ил...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg