Бањиче – малиот рај на тетовчани, од каде што започнува кањонот на реката Пена (фото)
Месноста Бањиче, мало парче убавина под Шара, е воедно и најблискиот, асфалтен пат кој води од Тетово до падините на Шар Планина. Бањиче е на само 3 km западно од Тетово.
Ова е култно место за одмор, рекреација и прошетка на тетовчани, а оттука почнува и кањонот на реката Пена која се извива низ градот.
Луѓето најчесто ја поминуваат два и пол километарската патека долж Пена во правец кон Бањиче, каде што ги дочекува и главниот извор со минерална вода за која се верува дека е лековита.
Иако изворот беше затрупан во 2014 година поради изведување на градежни работи, 5 години подоцна во 2019 година изворот повторно започна да тече.
Бањиче е омиленото место за пешачење и трчање на тетовчани, а погледнете и зошто:
https://www.instagram.com/p/CFuBPWUsmrP/
https://www.instagram.com/p/CD6UdPcBNmY/
https://www.instagram.com/p/B0J6J-upRJr/
(О)Милена | Црнобело