Дали е ова најубавата „канцеларија“ на светот - Аруба, плажа, тиркизно море, сонце...?

Ако нешто научивме во 2020-та година, тоа е дека навистина можеме да фукнционираме, да бидеме креативни и продуктивни во работата и кога не сме на работното место.

aruba-plaza-tirkiz-sonce-hotel-vi-nudi-sovrsena-kancelarija-za-rabota-od-doma-01.jpg

Голем дел од нас сè уште работат од дома или си наоѓаат мирно катче од каде работењето е вистинско задоволство.

Ајде за момент да ве одведеме на идеалната локација за работа.

Замислете – плажа, сонце, тиркизна вода, мир и тишина, Аруба. Хотелот Boardwalk Boutique Hotel им обезбедува на своите гости надворешен или внатрешен простор каде ќе може да си ја постават својата „канцеларија“.

aruba-plaza-tirkiz-sonce-hotel-vi-nudi-sovrsena-kancelarija-za-rabota-od-doma06.jpg

„Нашите гости честопати бараа услови за извршување на нивните работни обврски, па затоа креиравме ваква опција – на располагање имаме лаптопи и десктоп компјутери, тастатура, маус и работни маси во наш стил“.

aruba-plaza-tirkiz-sonce-hotel-vi-nudi-sovrsena-kancelarija-za-rabota-od-doma04.jpg

Хотелот се погрижил и за побрза и непречена WiFi конекција која на Аруба не е баш секогаш во најдобро издание.

Имате опција да работите од вашиот бунгалов или буквално покрај океанот или во областа кај базенот.

aruba-plaza-tirkiz-sonce-hotel-vi-nudi-sovrsena-kancelarija-za-rabota-od-doma08.jpg

Единствено што се бара од вас, е да користите слушалки за време на конференциските повици.

Цените за престој во хотелот не се баш пристапни, но се очекувани за она што се добива - почнуваат од 250 долари ноќевање, па зависат од периодот и должината на престојот.

aruba-plaza-tirkiz-sonce-hotel-vi-nudi-sovrsena-kancelarija-za-rabota-od-doma07.jpg

aruba-plaza-tirkiz-sonce-hotel-vi-nudi-sovrsena-kancelarija-za-rabota-od-doma03.jpg

Кој не би посакал ваква можност?

Е. П. | Црнобело / фото: Boardwalk Boutique Hotel

Би можело да ве интересира:

Безброј светилки, многу тезги со храна и подароци: Брисел е волшебен во празничната сезона И оваа година, божиќниот маркет во Брисел е сместен во самото срце на градот, и ...
5 знаци дека сте избрале погрешен ресторан на одмор (и ќе зажалите за тоа) Бегајте од ресторани пред кои келнерите стојат и ве канат и обрнете внимание на ...
Лажни резервации за хотел и авионски билети – Како да ги избегнете измамите кога резервирате за одмо... Не наседнувајте на лажни пораки со честитки дека сте добитник на бесплатно патув...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg