Среде пандемија Србинка отпатува во Пакистaн - нејзините фотки оттаму се магични

Кога имате страст за патување и среде пандемија го посетувате Пакистан... Јована со неверојатни фотографии доловува како си поминува таму.

srede-pandemija-srbinka-otpatuva-vo-pakistin-nejzinite-fotki-ottamu-se-magichni-01.jpg

Јована Квржиќ е српска блогерка за патувања чии фотографии и описи на дестинациите на магичен начин ви ја доловуваат атмосферата од местата на кои патува.

Од Бали до Русија, таа има посетено огромен број земји низ светот, но пандемијата извесен период ја спречи да патува, па ги истражуваше убавините на родната Србија.

Но, сега повторно ги спакува куферите и одлета, овојпат на навистина уникатна дестинација. Периодов Јована го истражува Пакистан, а нејзините фотографии оттаму се неверојатни.

Секојдневно носи разнобојни шарени парчиња облека, кои се локална рачна изработка, на нејзиниот профил открива дека за локалците е вистинска атракција, како висока бела девојка, и сите сакаат да се фотографираат со неа.

Интересно е што вели дека домовите на Пакистанците воопшто не се загреани, а дури и оние побогатите користат само по некоја греалка и таа е константно смрзната.

Оди по локалните пазари, посетува домови на поединци, а истражува и некои од нивните туристички атракции.

Фотките на Јована од Пакистан:

View this post on Instagram

A post shared by Jovana Kvržić (@jovana_kvrzic)

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

12 европски дестинации кои може да ги посетите во есен (според искусни патувачи) Ако немате идеја каде да заминете на следно патување, искусните патувачи на Euro...
Фотки поради кои ќе посакате веднаш да отпатувате во Швајцарија Зеленило, планини и селца кои изгледаат како од некоја бајка – Швајцарија дефини...
Греено вино и совршена елка за Инстаграм фотки - Зошто божиќниот маркет во Будимпешта е меѓу омилени... Не можете да не ја сакате Будимпешта во декември. Ова е време кога опива мирисот...
Која е Македонката, која ги сподели најубавите празнични фотки од Романија и Монако? „Со душа чекам да започнам со објава на празничните фотки“ – напиша на фотографи...
Долги редици, турканици низ тесните улички - Што може да очекувате од Санторини, ако го посетите во ... За совршени фотки на белите кровови ќе треба да се изборите за место со илјадниц...
10 причини зошто оваа пролет да одите во Барселона Архитектурата, зелените паркови, но и превкусната храна се мал дел од причините ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg