Кожле и дрвениот „Стојанов мост“ – омилената нова локација на инстаграмџиите за фоткање (фото)
Дрвениот мост во Кожле е една од главните атракции. Практично потсетува на сцена од филмот „Индијана Џонс“.
Мостот е наводно именуван по жител на селото кој го изградил. Но, мештаните на Кожле не се согласуваат со оваа констатација, напоменувајќи дека тој е изграден со заеднички труд.
Сепак, каква и да е вистината, главната атракција на Кожле е опкружена со неверојатна природа која го одзема здивот. Ќе пронајдете мир и тишина, последните траги на зеленило и секако, боите на есента кои полека се наѕираат.
За сите кои сакаат да го посетат Кожле, лоцирано е во областа Блатија, на десниот брег од Пчиња. Се стигнува по автопатот кој води кон Велес, со тоа што кај Катланово се врти десно по асфалтиран пат кој поминува низ селото Блаце.
Доколку сè уште не сте убедени, погледнете како изгледа прекрасното Кожле и Стојановиот мост:
фото: Инстаграм - ana_nikolovska_
фото: Инстаграм - aleksandar_metodijev
фото: Инстаграм - digaldan
фото: Инстаграм - maltezerka1
фото: Инстаграм - marijanackovska
Продолжува на следната страна...