„Го посетив инстаграмџискиот рај Чинкве Тере во Италија во време на корона - беше мирно“

Во местото каде има милиони посетители секоја година и застануваат огромен број на крузери, сега улиците се празни.

go-posetiv-instagramdjiskiot-raj-chinkve-tere-vo-italija-vo-vreme-na-korona-beshe-mirno-01.jpg

Кога ќе помислите на италијанското крајбрежје, сигурно прво на ум ви доаѓа местото Чинкве Тере.

Чинкве Тере – во превод значи пет земји, односно пет бајковити гратчиња Варнаца, Монтеросо, Манарола, Корнилија и Риомаѓоре.

Тие се обоени во пастелни бои, сместени на стрмна карпа и нудат неверојатен поглед кон тиркизното море. Ова дефинитивно е иконска дестинација за одмор.

Секое лето ова место е преполно со туристи, но годинава поради корона пандемијата ситуацијата е поинаква.

Алис Џонстон од Велика Британија одлучила да го посети ова место токму сега.

Таа патувала 3 часа со воз од Милано до Чинкве Тере. Вели дека таму имало многу малку случаи на корона, но мерките за претпазливост секаде се почитувале.

На плажите имало точно обележано место на кое може да седите, секаде имало средства за дезинфекција и плакати со препораки за внимателност.

Се мерело температура на посетителите и имало навистина малку туристи.

Алис вели дека ѝ се допаднало многу ова место, но дека нема желба да го посети кога ќе биде преполно со туристи.

Фотографии од патувањето на Алис:

С. С. | Црнобело/фото извор: Insider

Би можело да ве интересира:

Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
„Албанскиот Тајланд“ – Скриено парче рај покрај река во Албанија Кристално тиркизната вода во реката и богатата вегетација во околината, прават о...
Топ 10 плажи во Италија за оние кои сакаат филмски одмор Плажа помеѓу карпи, во шармантни италијански градови или под брдести селца со гр...
Скриено парче рај во Хрватска – остров без автомобили, со бујна природа (фото) Автомобилите се забранети, а природата е недопрена - како изгледа ова мало парче...
Безброј светилки, многу тезги со храна и подароци: Брисел е волшебен во празничната сезона И оваа година, божиќниот маркет во Брисел е сместен во самото срце на градот, и ...
Најпознатите (и најзначајните) градби ширум светот Пирамидите во Египет се како симбол на древен Египет кој ја покажува моќта, но и...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg