Од Бугарија до Дубаи: Објекти низ светот што изгледаат застрашувачки, но и импресионираат
Живееме во свет каде околината и архитектурата се мешаат една со друга. Многупати, самото набљудување на некое архитектонско здание знае во нас да создаде бура на различни чувства.
Иако имаме различни ставови кон градби кои ги сретнуваме во светот, сепак постојат и такви облици кои изгледаат злобно. Предизвикуваат да се чувствуваме несигурно, драстично смалени во своите очи. Небаре во самите простории се наоѓаат седишта на светски организации кои немаат посебно добра намера спрема човештвото.
Во продолжение од текстот следува листа на архитектонски чуда, кои освен што нè застрашуваат, истовремено и нè импресионираат:
Во Бугарија, издигнат на планините, се наоѓа Buzludzha – Меморијалниот дом на Бугарската комунистичка партија, отворен во 1981 година.
Објектот бил финансиран од граѓаните на социјалистичкото движење во Бугарија. По транзиција во демократска држава, објектот е напуштен и таков постои до ден денес.
Тука може да го сместиме и музејот Риверсајд во Глазгов, кој е посветен на транспортот и до сега има добиено бројни награди.
Во неговите простории се наоѓаат преку 3.000 објекти прикажани на различни екрани. Од скејтборди, локомотиви па сè до колички и автомобили.
Поранешен истражувачки институт за експериментална медицина е лоциран во Берлин и некогаш се сметал за еден од најистакнатите универзитети во Германија.
Во Западниот Берлин за време на Студената војна бил отворен и се однесувал на статусот на Западен Берлин како дел од слободниот свет, наспроти советските окупирани области.
Hallgrímskirkja е парохиска црква и национално светилиште во Рејкјавик, Исланд. Воедно и најголемата црква таму, висока 74,5 метри, а се смета и како една од најголемите објекти во земјата.
Неговата фасада е олицетворение на исландскиот пејзаж и модернизмот.
Во Дубаи се наоѓа облакодерот The Maze Tower, чија предна и задна фасада претставува лавиринт.
Зградата е завршена во 2011 година и во се наоѓаат 25 канцелариски катови, кат со градина, 24 станбени ката и покрив со базен.
Х. Е. | Црнобело