Допир до нашето најголемо вештачко богатство - Тиквешкото езеро

Обградено од прекрасни планински масиви, Тиквешкото езеро е едно од поголемите наши богатства.

Dopir-do-nasheto-najgolemo-veshtachko-bogatstvo-Tikveshkoto-ezero 01 630x340.jpg

Тиквешкото езеро е најголемото вештачко езеро по површина во земјава, а настанато е во 1968 година, со преградување на кањонот на реката Црна и со изградба на брана која е висока 104 метри.

Стационирано на југ, во кањонот на Црна Река и оддалечено 12 километри од Кавадарци. Најголемата длабочина на езерото е 105 метри.

Dopir-do-nasheto-najgolemo-veshtachko-bogatstvo-Tikveshkoto-ezero 02 630x420.jpg

Тиквешкото езеро изобилува со различни видови на животински свет и изобилие на слатководни видови на риби.

Како еден од најтоплите реони во Македонија, не е ни чудо што располага со голем број на куќи и викендици каде што луѓето гледаат да ја искористат „последната капка“ од своето слободно време.

Секојдневно видливи се различните чамчиња со кои посетителите ја истражуваат оваа бајковита идила, особено за време на летните периоди кои се погодни за разни видови спортови и за разладување во езерото.

Уште еден интересен факт е тоа што Тиквешкото езеро има три трајни острови.

Најголемиот остров е Градиште, кој не е населен, а пак другите две се мали острови на кои има куќи и придружни објекти, кои се наоѓаат на мало растојание од брегот.

Едното е во атарот на Брушани, а другото кај одливот на езерото во р. Блашница.

Dopir-do-nasheto-najgolemo-veshtachko-bogatstvo-Tikveshkoto-ezero 03 630x354.jpg

Тиквешкиот регион располага со навистина голем број на манастири и културно-историски вредности, од кои најистакнат е Полошкиот манастир и црквата посветена на св. Ѓорѓи, кој се смета за бисер на македонската средновековна уметност.

Во продолжение ги одбравме најубавите Инстаграм-пејзажи од Тиквешкото езеро кои се доказ за тоа какво богатство поседуваме...

Периодов не можеме да шетаме каде сакаме и со кого сакаме во големи друштва, но ви нудиме виртуелна прошетка:

https://www.instagram.com/p/BGR6wwSAfbq/

https://www.instagram.com/p/BS3pB0UjGlq/

https://www.instagram.com/p/BKdD6x5BBB5/

Мила М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Предлог за кратко викенд патување: 5 преубави македонски села Овие пет села се само мал дел од богатата ризница на Македонија. Ги има уште мно...
5 плажи во Албанија со кристално чисто море (од кои 4 се изолирани) До една од овие плажи се стигнува само со брод, а до другите две мора да пешачит...
Каде за Први мај - 13 места за излет во природа низ Македонија Со семејството или со друштво, добра музика, вкусна храна, студени пијалаци и се...
Неколку причини зошто да го посетите Бледското Езеро во Словенија Во средината на езерото е сместена црквата „Успение на Богородица“ каде посетите...
Скриени места во Европа што вреди да се посетат (пред сите да дознаат за нив) Ако сте од оние луѓе на кои им пречи метежот на познатите дестинации, тогаш овие...
Најубавите божиќни базари во Европа за 2023, кои вреди да ги посетите Од базарите во Стразбур и Колмар во Франција, до малиот базар во Опатија, Хрватс...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg