Халштат – австриска зимска бајка која изгледа надреално на Инстаграм фотките
Сигурно сте слушнале за изреката „премногу добро за да биде вистинито?“
Халштат е премногу добро и воедно вистинито место. Ова мало гратче е лоцирано во округот Гмунден во покраината Горна Австрија, Австрија.
Сместено е на брегот на истоименото езеро, на автопатот помеѓу Салцбург и Грац. Зафаќа површина од 60 km2 и во него живеат 794 жители.
Халштат е најпознат по добивањето на сол, процес кој датира уште од праисторијата. Освен тоа, Халштат е прочуен по халштатската култура, една од првите култури на келтските, пракелтските и предилирските народи.
А како изгледа на Инста-фотките? Апсолутно божествено, толку добро, речиси надреално, што ќе ве натера веднаш да ги спакувате куферите и да го посетите.
Иако можеби температурите потсетуваат на пролет, фотките сепак ќе ве натераат да посакате да уживате уште во зимата:
https://www.instagram.com/p/B8mfXgaC-ND/
https://www.instagram.com/p/B8zNIOVIVLu/
https://www.instagram.com/p/B8zLyLgIAYD/