За бегство од урбаните средини – Zalipie, најшареното полско село со цветни фасади

Ајде да се тргнеме настрана од бучните градови, „начичкани“ со илјадници луѓе, кои растрчани по улици и меѓу високи згради ни даваат до знаење дека живееме во еден задушен свет, отцепен од многу нешта што се блиски до човечката природа.

zalipie najshareno selo i eden sosema nov svet 9

Кога станува збор за патување, можеби треба да направиме некоја промена. Доста шетавме низ урбани средини, малку фокусот да го свртиме кон многуте села низ светот што чекаат да бидат посетени од некого.

Такво едно постои и во Полска, наречено е Zalipie. Многумина велат дека е меѓу најубавите села во државата, но со сигурност може да кажеме дека e најшареното село во Полска, познато по традицијата на сликање на цвеќиња.

zalipie najshareno selo i eden sosema nov svet 2

Доволно е да ги погледнете фотките за да сфатите дека во ова полско село постои посебна атмосфера, што без сомнение ги привлекува луѓето и им дава пристап до некоја поразлична перспектива на постоење.

Насликани цвеќиња се наоѓаат насекаде, не само на куќи, туку и на огради, куќарки за кучиња, ѕидови, мебел, облека… Шареноликост на секоја страна.

Традиционалното цртање на цвеќиња започнало во 19. век кога жените од селото сакале да ги прикријат валканите ѕидови, кои прво ги боеле со бела боја, а после цртале на чистата површина.

zalipie najshareno selo i eden sosema nov svet 1

Во Zalipie постојат повеќе од 30 куќи целосно насликани со цвеќиња и шарени мотиви, но многумина посебно ја издвојуваат The House of the Women Painters.

Тука се вбројува и црквата Saint Joseph, каде внатрешните ѕидови на црквата се покриени со полски цвеќиња, кои овозможуваат незаборавно доживување.

zalipie najshareno selo i eden sosema nov svet 5

Интересно е да се разгледуваат градбите, но уште поинтересно е да се разговара со мештаните кои живеат во село.

Од нив може да слушнете еден куп интересни приказни, да се запознаете со нивниот начин на живот, креативноста и сè што ве интересира. Освен тоа, тука се наоѓа и пространо зеленило, полно со дрвја, ливади и полиња со цвеќиња.

Без разлика како и да гледаме на Zalipie, во едно може сите да се сложиме - ова село е како некој сосема нов свет.

zalipie najshareno selo i eden sosema nov svet 4

zalipie najshareno selo i eden sosema nov svet 4

zalipie najshareno selo i eden sosema nov svet 4

Автор: Х. Е. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Уличната уметност и шармантните мурали низ улиците на Брисел Сакам да ве прашам нешто. Дали сте љубители на улична уметност?  Сакам д...
Паролдо: Вошебно италијанско село во кое се верува дека живеат вештерки (фото) Паролдо има околу 230 жители, а постојат легенди дека во волшебното село живееле...
Места во Македонија кои ми недостигаат: Селото во кое израснав, манастирот кој ми носи мир Кога подолго време не живееш во родната земја често ќе се најдеш во ситуацијата ...
Фото-прошетка низ најголемата природна цветна градина во светот – има над 150 милиони цвеќиња, се на... Секоја нова сезона ја отвора вратата за свежи и возбудливи теми во „Miracle Gard...
Плажата која ги победи Малдиви за „најсино море“ се наоѓа во Албанија - на 270km од Скопје Чиста тиркизна вода, волшебен поглед, светол песок... Плажата на огледалата (Pas...
Ненеци, народ кој живее „на работ на светот“: Јадат месо од ирваси, преживуваат и на -50°C Секое семејство има по еден ирвас „домашен миленик“. А ирвасите им нудат на Нене...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg