Порано биле канибали, денес не смеете да носите очила и шапки: 11 факти за животот на Фиџи
Чудни суеверија
Едно од суеверијата на Фиџи е дека кокосите имаат очи и набљудуваат, па ако кокос падне на вас, тоа е знак за неуспех во наредните дена.
Препознатливата вода од Фиџи
Порано на островите најмногу се одгледувала шеќерна трска за извоз, но сега најпрепознатлив производ им е флашираната вода од Фиџи.
И мажите носат здолништа
Во неделите се носи традиционална облека која личи на долго здолниште. Многу често на официјални приеми членовите на владата на Фиџи се облечени традиционално. Некогаш дури и сообраќајната полиција била така облечена.
Живеат многу Индијци
За работа на шеќерните плантажи на Фиџи Европјаните од 1879-тата почнале да ангажираат работници од Индија.
Наскоро поради природниот прираст бројот на Индијци на островот се зголемил толку многу што дури го надминал бројот на локалните Абориџини. Таму е и највисокиот Хинду храм.
Знамето на Фиџи
Фиџи е прогласена за република, но сè уште има блиски врски со монархијата Велика Британија, па на знамето го има и нејзиното знаме.
Знамето на Фиџи е сино и тоа асоцира на водите на Тихиот океан, а покрај ова има и палми, птица, како симбол на мирот и други знаци.
Прочитајте и Стаорци што скокаат до 1 метар, танц со коските на починатите: 13 факти за животот во Мадагаскар!
С. С. | Црнобело