Стаорци што скокаат до 1 метар, танц со коските на починатите: 13 факти за животот во Мадагаскар
На овој изолиран остров има животни како од друга планета и се верува во духови, вештерство и волшебници.
Кога некој ќе спомене Мадагаскар, сигурно прво ви паѓа на ум истоимениот анимиран филм, но дали некогаш сте помислиле како изгледа животот во оваа држава, која е позната и како земја на лемурите?
На почетокот кога првите Европјани пристигнале таму, лемурите со мистериозни и впечатливи очи им изгледале застрашувачки.
Мадагаскар е островска република во Индискиот Океан, недалеку од Јужна Африка, а главен град е Антананариво. Овој чудесен остров сè уште не е комплетно истражен.
Интересни факти за Мадагаскар:
Уникатна флора и фауна
Околу 90% од сите видови на растенија и животни на Мадагаскар ги има само на овој остров. Поради ова некои дури го нарекуваат 8-ми континент.
Дел од животните изгледаат како да се од друга планета. На островот има џиновски лебарки и стаорци кои скокаат до 91 сантиметар. Има и уникатни змии, пајаци и што уште не.
На островот во текот на годините имало влијанија од различни земји, а денес во културата на Мадагаскар се чувствува влијанието од Франција и Обединетите Арапски Емирати
Наместо креми и пудра, жените ставаат боја на лицето
Некои од жителите на Мадагаскар ги цртаат своите лица најчесто со жолти и бели дезени. Бојата е од здробена кора од дрвјата и покрај за декоративна цел, се користи и за заштита од сонце и инсекти, особено комарци.
Исто така, се смета дека ја подобрува состојбата на кожата и има ефект како крема.
На островот нема нилски коњи, тигри и жирафи
Таму живеат црвени бувови, игуани, многу видови камелеони и лемури, како и други необични животни, но нема пингвини, лавови, зебри, жирафи, слонови, хиени, антилопи, носорози, биволи, мајмуни и камили.
Отсуството на овие видови се објаснува на ист начин како присуството на уникатните видови поради изолацијата на островот со векови. Нилските коњи исто така одамна се исчезнати од островот.
Во Мадагаскар се танцува со телата на починатите
Таму живеат повеќе племиња, а најбројно е племето Malagasy на чии припадници традиција им е на 5 до 7 години да ги вадат починатите роднини од гробовите, да ги обвиваат нивните коски во нова свилена прекривка и да танцуваат со нив.
Оваа морничава церемонија се вика Famadihana и е базирана на верувањето дека по комплетно распаѓање на телата на починатите нивните духови ќе му се приклучат на светот на нивните потомци.
Сите одлуки се донесуваат со одобрение од „волшебници“
Секоја важна животна одлука како избор за денот на свадба, градење на куќа, одлука дали парот е компатибилен се одредува со помош на консултација со луѓе за кои се верува дека имаат специјални моќи. Овие т.н. волшебници лечат и болести со специјални билки и обреди.
Од џунгла со огромни дрвја до пустинска црвена почва, во Мадагаскар релјефот е многу разновиден
Поради црвената почва Мадагаскар уште и се нарекува Големиот црвен остров.
Тука се наоѓа и езерото Tritriv кое е наречено мртво поради тоа што во него нема живи суштества. Полно е со сулфур и опасно е за луѓето.
Инаку на брегот од Индискиот Океан има рајски плажи со бел песок и прекрасни дрвја.
Уникатен дел од Мадагаскар е и камената шума Tsing-du-Bemaraha, која не е целосно истражена бидејќи не може да се оди таму без специјална опрема.