Порано биле канибали, денес не смеете да носите очила и шапки: 11 факти за животот на Фиџи

Членовите на владата на Фиџи за некои официјални приеми облекуваат здолништа, а некогаш дури и сообраќајните полицајци имале таков тип на традиционална униформа.

ne-smeete-da-nosite-ochila-za-sonce-i-shapki-kanibalizam-fakti-za-zhivotot-na-fidji-01.jpg

Километарски долги снежно бели плажи со палми е сонот на секој турист, па затоа Фиџи е популарна дестинација која ја посетуваат и многу холивудски ѕвезди.

Но, таму покрај тоа што ќе го имате совршениот летен одмор, ќе ве дочекаат и некои необични работи.

Интересни факти за Фиџи:

Фиџи се протега на 332 острови

Само една третина од нив се населени, а најголемиот дел од популацијата живее на двата најголеми острови Viti Levu и Vanua Levu.

ne-smeete-da-nosite-ochila-za-sonce-i-shapki-kanibalizam-fakti-za-zhivotot-na-fidji-02.jpg

Има племиња, но и холивудски ѕвезди

Повеќе од 80% од територијата на Фиџи им припаѓа на локалните племенски заедници и се користи како резерват, но тоа не ги спречува холивудските ѕвезди да купуваат острови таму.

Мел Гибсон си купи остров во 2015 година за 15 милиони долари, на кој 40 локални жители работат на одржување.

ne-smeete-da-nosite-ochila-za-sonce-i-shapki-kanibalizam-fakti-za-zhivotot-na-fidji-03.jpg

Постојат чудни забрани

Ако одите во кое било село во Фиџи, тогаш оставете ги очилата за сонце и шапката дома, за да бидете сигурни дека нема да ги ставите на глава, затоа што тие може да ги носи само поглаварот на селото. Во ниту еден случај не смеете да ја допирате главата на локалните жители, а во далечното минато сте можеле да бидете изедени живи поради тоа.

Исто така, не е добро да појдете со празни раце, па добро е да однесете некој пијалак или храна.

ne-smeete-da-nosite-ochila-za-sonce-i-shapki-kanibalizam-fakti-za-zhivotot-na-fidji-04.jpg

Уникатна забава за туристите

Локалните жители одат по оган и изведуваат разни трикови и ова е вистинска атракција за туристите.

ne-smeete-da-nosite-ochila-za-sonce-i-shapki-kanibalizam-fakti-za-zhivotot-na-fidji-05.jpg

Од пливање со егзотични риби покрај прекрасни корални гребени до нуркање со ајкули и океанот има свои предности.

ne-smeete-da-nosite-ochila-za-sonce-i-shapki-kanibalizam-fakti-za-zhivotot-na-fidji-07.jpg

ne-smeete-da-nosite-ochila-za-sonce-i-shapki-kanibalizam-fakti-za-zhivotot-na-fidji-08.jpg

ne-smeete-da-nosite-ochila-za-sonce-i-shapki-kanibalizam-fakti-za-zhivotot-na-fidji-06.jpg

Британски традиции

Од времето кога биле колонија на Велика Британија останало возењето од лева страна и љубовта кон британските спортови. Инаку, пред спортските натпревари жителите на Фиџи изведуваат специјален танц.

ne-smeete-da-nosite-ochila-za-sonce-i-shapki-kanibalizam-fakti-za-zhivotot-na-fidji-10.jpg

ne-smeete-da-nosite-ochila-za-sonce-i-shapki-kanibalizam-fakti-za-zhivotot-na-fidji-09.jpg

Некогаш биле најпознати канибали

Тешко е да се поверува, но некогаш на Фиџи живееле најголемите канибали на светот и ова долго ги заплашувало луѓето да го посетат Фиџи, но потоа тоа било исфрлено од практика.

ne-smeete-da-nosite-ochila-za-sonce-i-shapki-kanibalizam-fakti-za-zhivotot-na-fidji-11.jpg

Уште 5 факти на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Фотки поради кои ќе посакате веднаш да отпатувате во Швајцарија Зеленило, планини и селца кои изгледаат како од некоја бајка – Швајцарија дефини...
Места во Македонија од каде што можете да ги видите најубавите зајдисонца (фото) Матка, езерото Козјак, скопскиот аквадукт - има многу места низ Македонија во ко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg