6 работи кои треба да ги знаете пред да ја посетите Словенија
Од недогледни вински полиња до неверојатни национални паркови и езера, зошто Словенија е магична?
Дали некогаш сте го посетиле главниот град на Словенија, Љубљана, или пак некое од живописните села во Словенија?
Оваа земја нуди низа богатства на 20.000 километри квадратни.
Работи кои треба да ги знаете пред да ја посетите Словенија:
Не ја мешајте со Словачка
Двете се мали источноевропски земји, но се сосема различни, а помеѓу нив се наоѓаат Унгарија и Австрија.
Повеќе од половина земја е заштитено земјиште.
50% од Словенија се национални паркови, резервати и други магични дела на природата, заштитени со закон.
По Венецуела, ова е најголем процент на заштитено земјиште во една држава.
Има огромен број лозја
Според некои анализи, во Словенија има по едно лозје на секои 70 луѓе.
Слободно заборавете на Италија и Франција, винското задоволство и неверојатни пејзажи чекаат на вас во Словенија.
Може да гледате филм во дворец на замок
Секое лето во дворецот на еден раскошен замок во Љубљана се емитува филм под ѕвездите.
Целото искуство е магично.
Има прекрасен и евтин ски центар
Крањска Гора е прекрасен ски центар, каде ќе се релаксирате за пристојна цена.
Ги има најубавите езера
Езерото Блед мора да ви биде на листата на задолжителни дестинации во Словенија.
Чиста вода, замок од бајките и Блед ви овозможува да сведочите на еден од најубавите пејзажи на светот.
С. С. | Црнобело