16 докази дека Финска е уникатна земја - казните зависат од платите, затворениците одат во сауна

Маркетинг за интроверти

Финците сакаат да минуваат време сами, па постојат барови каде можете да си пиете сами на мир. Исто така, во маркетите постојат корпи специјално за сингл купувачи (Sinkkukori).

kaznite-zavisat-od-platata-a-platata-e-javna-16-fakti-zoshto-finska-e-unikatna-zemja-09.jpg

Огромни љубители на пиво

Просечен Финец пие околу 85 литри пиво годишно, а, за споредба, во Русија оваа бројка е 58 литри по човек.

Не е изненадување што во финските супермаркети можете лесно да пронајдете специјална промоција која важи за купување на 1.000 шишиња пиво едновремено.

kaznite-zavisat-od-platata-a-platata-e-javna-16-fakti-zoshto-finska-e-unikatna-zemja-10.jpg

Куќи за студентски забави

Речиси секој поголем универзитет во Финска има свои „куќи за забави“, кои студентите може да ги изнајмат гратис и да си организираат забава таму.

Обично овие градби имаат огромна дневна соба, неколку спални и приватна сауна. Во нив дозволено е да се консумира и алкохол.

kaznite-zavisat-od-platata-a-platata-e-javna-16-fakti-zoshto-finska-e-unikatna-zemja-11.jpg

Кафе

Финците се на прво место во светот по консумацијата на кафе. Годишно просечен Финец користи 12 килограми кафе, за споредба оваа бројка кај просечен Италијанец е 5 килограми.

kaznite-zavisat-od-platata-a-platata-e-javna-16-fakti-zoshto-finska-e-unikatna-zemja-12.jpg

Најискрени жители

Според едно истражување направено во 16 градови низ светот, Хелсинки е градот во кој живеат најискрени жители.

Главниот град на Финска е прекрасен затоа што е докажано дека 11 од 12 изгубени паричници ќе им бидат вратени на сопствениците.

kaznite-zavisat-od-platata-a-platata-e-javna-16-fakti-zoshto-finska-e-unikatna-zemja-13.jpg

Сауни има насекаде

Во земјата има околу 5 милиони луѓе, а 2 милиони сауни, дури повеќе од автомобили. Секоја поголема компанија или државна институција има сауни за своите вработени. Дури затворениците во Финска може да посетуваат сауна еднаш неделно.

Најоригиналната е онаа пак на еден синџир за брза храна, каде не само што ќе се загреете, туку и ќе се најадете.

kaznite-zavisat-od-platata-a-platata-e-javna-16-fakti-zoshto-finska-e-unikatna-zemja-14.jpg

Обожаваат метал музика

Во Финска има најголем број на метал бендови по глава на жител. Дури и децата имаат свој омилен метал бенд, а тоа е Hevizaurus, група музичари кои изведуваат облечени како диносауруси.

kaznite-zavisat-od-platata-a-platata-e-javna-16-fakti-zoshto-finska-e-unikatna-zemja-15.jpg

Земја на чудни натпревари

Таму ги има најчудните натпревари, од влечење на сопругите за да добијат пиво до натпревари во фрлање на телефони и свирење на измислени гитари.

kaznite-zavisat-od-platata-a-platata-e-javna-16-fakti-zoshto-finska-e-unikatna-zemja-16.jpg

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
Најпознатите (и најзначајните) градби ширум светот Пирамидите во Египет се како симбол на древен Египет кој ја покажува моќта, но и...
Ненеци, народ кој живее „на работ на светот“: Јадат месо од ирваси, преживуваат и на -50°C Секое семејство има по еден ирвас „домашен миленик“. А ирвасите им нудат на Нене...
7 ресторани во Врање кои може да ги посетите кога одите на еднодневна тура Ресторани на отворено со двор, ресторани со игралиште за деца, или со рустичен и...
Плажата која ги победи Малдиви за „најсино море“ се наоѓа во Албанија - на 270km од Скопје Чиста тиркизна вода, волшебен поглед, светол песок... Плажата на огледалата (Pas...
5 најбезбедни европски градови (совршени за жени кои патуваат сами) Иако Италија е романтична дестинација, сепак, е одлично место и за сам...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg