Препораки од странски сајт: 13 работи кои мора да ги знаете пред да ја посетите Македонија
Има планини што ќе ве восхитат
Има 34 планински врвови повисоки од 2.000 метри надморска височина и повеќе од 50 езера на нив.
Со просечна надморска височина од 741 метар, Македонија е четвртата највисока земја во Европа.
Скопје е град на контрасти
Омилен дел од Скопје на туристите им е Старата Чаршија. Но, од другата страна на Вардар ве очекуваат модерни згради.
Ја има најголемата ромска заедница во Европа
Најголем дел од Ромите се стационирани во населбата Шуто Оризари. Проценката е дека во Македонија има околу 20.000 припадници на ромската заедница.
Ги има најпотценетите вина во Европа
Цените на шише вино започнуваат од евро и половина. Има неверојатни вина по навистина ниски цени. Мора да пробате и ракија.
Има мегалитска опсерваторија, стара 4.000 години
Кокино е една од најстарите опсерватории признати од НАСА. Таа е заштитена од УНЕСКО.
Има остров на змии
Во Преспанското Езеро, кое е дел од националниот парк Галичица, се наоѓа островот на змии Голем Град. На островот главни жители се змиите, нема луѓе.
Прочитајте ја оригиналната статија ТУКА!
С. С. | Црнобело