Препораки од странски сајт: 13 работи кои мора да ги знаете пред да ја посетите Македонија
Од град со 365 цркви и најстарото езеро во Европа до неверојатни вина и главен град полн контрасти, Македонија нуди многу.
На сајтот Global Goose осамна текст за Македонија, кој започнува дека ако не сте од Европа шансите да не сте слушнале дека постои земја со име Македонија на Балканот се огромни.
Ова мало парче земја го има и најстарото езеро во Европа, една од најдлабоките подводни пештери на светот и свој остров на змии.
Ако ви звучи интересно прочитајте кои препораки македонскиот гостин автор на Global Goose, кој има свој блог за патување Passport Symphony, ги даде за странските туристи.
Работи кои мора да ги знаете пред да ја посетите Македонија:
Не е во Грција
Без да навлегува во политики, тој посочува дека Македонија и Грција имаат проблем со името Македонија веќе 26 години и нагласува дека Македонија не е дел од Грција.
Влез и визи
Ако доаѓате од која било европска земја потребен ви е само пасош, но ако доаѓате од друг дел на светот можно да ви е потребна виза, зависно која националност сте.
Пристигнување и транспорт
Македонија е многу мала земја и има само два аеродроми, во Скопје и Охрид.
Вели дека најдобриот дел е што во Македонија превозот со автобус е евтин и билетот за две најоддалечени дестинации во Македонија нема да ве чини повеќе од 8 евра.
Го има најстарото езеро во Европа и град со 365 цркви, каде е формиран првиот европски универзитет
Се разбира, се мисли на Охрид. Проценето е дека Охридското Езеро е старо 4 милиони години и максималната длабочина му е 287 метри. Дом е на повеќе од 300 ендемски видови.
Рај за верниците
Македонија има огромна историја и преку 1.000 цркви и манастири на целата територија.
Една од најдлабоките подводни пештери на светот
Пештерата Врело во кањонот Матка е чудо на природата и длабока е повеќе од 240 метри, но не е испитана до крај.
Најдлабоката подводна пештера во светот, испитана досега, се наоѓа во Чешка со длабочина од 402 метри.
Најверојатно е најевтината земја во Европа
Цените се навистина ниски, а најскапи се Скопје и Охрид. Пристоен оброк во Скопје може да најдете за 3 до 5 евра, а во другите градови и за 2 до 3 евра.