20 причини да ја посетите прекрасната Будимпешта

Покрај златната Прага и многуте прекрасни места во Шпанија, Италија или Португалија, во последно време, Будимпешта сè почесто се наоѓа на листата на места за посета во Европа. 

20-prichini-da-ja-posetite-prekrasnata-budimpeshta-001.jpg

Па, ако познавате многу луѓе кои ја посетиле и планираат да ја посетат, зошто и вие да не се одлучите на таков чекор?

Со богата историја, прекрасни градби и архитектура, многу знаменитости, туристички атракции, како и одличен ноќен живот, Будимпешта е идеална дестинација за сечиј вкус.

Ако евтините авионски билети не ви се доволна причина, ви нудиме уште 20 за да оставите сè и да заминете во „срцето на Европа“:

1. Можете да прошетате низ градот со неверојатно убава архитектура и градби кои ќе ве воодушеват.

20-prichini-da-ja-posetite-prekrasnata-budimpeshta-02.jpg

2. Ноќниот живот важи за еден од подобрите, без разлика дали сте расположени за пиење во паб или танцување во еден од многуте клубови, па дури и во термалните бањи.

20-prichini-da-ja-posetite-prekrasnata-budimpeshta-03.jpg

3. Градот располага со голем број ресторани и кафулиња каде се служи превкусна храна – модерна во елитни ресторани, или традиционална унгарска како lángos .

20-prichini-da-ja-posetite-prekrasnata-budimpeshta-004.jpg

4. Можете да уживате во бесконечните панорамски глетки со кои располагаат многу места во градот.

20-prichini-da-ja-posetite-prekrasnata-budimpeshta-05.jpg

5. Со прекрасната архитектура, неверојатните глетки и уникатните кафулиња, претставува едно од најдобрите места за Инстаграм фотки.

20-prichini-da-ja-posetite-prekrasnata-budimpeshta-005.jpg

6. Градот е преполн со прекрасни термални бањи со лековити својства и секако, одлична архитектонска градба, како што е Széchenyi.

20-prichini-da-ja-posetite-prekrasnata-budimpeshta-06.png

7. Има стара, долга и фасцинантна историја која вреди да ја слушнете од туристичките водичи.

20-prichini-da-ja-posetite-prekrasnata-budimpeshta-07.jpg

8. Природата е секогаш блиску до вас и вреди да посетите еден од многуте големи паркови исполнети со зеленило и да „избегате“ од сè.

20-prichini-da-ja-posetite-prekrasnata-budimpeshta-08.jpg

9. Можете да го посетите третиот најголем парламент во светот чија градба е во готски стил и важи за еден од најубавите.

20-prichini-da-ja-posetite-prekrasnata-budimpeshta-009.jpg

10. Или да го посетите замокот Буда кој е историски комплекс во кој биле сместени унгарските кралеви, а се наоѓа на врвот на тврдината Хил.

20-prichini-da-ja-posetite-prekrasnata-budimpeshta-10.png

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Греено вино и совршена елка за Инстаграм фотки - Зошто божиќниот маркет во Будимпешта е меѓу омилени... Не можете да не ја сакате Будимпешта во декември. Ова е време кога опива мирисот...
7 ресторани во Врање кои може да ги посетите кога одите на еднодневна тура Ресторани на отворено со двор, ресторани со игралиште за деца, или со рустичен и...
12 причини зошто треба да оставите сè и да заминете во Германија Се смета за една од најбезбедните земји во светот, надалеку е позната по пивото ...
Топ 15 божиќни пазари во Европа за 2024 како од бајка – кога да ги посетите? Божиќниот пазар во Будимпешта е избран за најдобар за 2024 кој ќе вреди да го по...
Морничави замоци низ Европа кои се верува дека се „опседнати“ (и можете да ги посетите) Натприродни појави, сенки, морничави гласови – ова се само дел од работите што н...
10 причини зошто оваа пролет да одите во Барселона Архитектурата, зелените паркови, но и превкусната храна се мал дел од причините ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg