20 причини да ја посетите прекрасната Будимпешта
Покрај златната Прага и многуте прекрасни места во Шпанија, Италија или Португалија, во последно време, Будимпешта сè почесто се наоѓа на листата на места за посета во Европа.
Па, ако познавате многу луѓе кои ја посетиле и планираат да ја посетат, зошто и вие да не се одлучите на таков чекор?
Со богата историја, прекрасни градби и архитектура, многу знаменитости, туристички атракции, како и одличен ноќен живот, Будимпешта е идеална дестинација за сечиј вкус.
Ако евтините авионски билети не ви се доволна причина, ви нудиме уште 20 за да оставите сè и да заминете во „срцето на Европа“:
1. Можете да прошетате низ градот со неверојатно убава архитектура и градби кои ќе ве воодушеват.
2. Ноќниот живот важи за еден од подобрите, без разлика дали сте расположени за пиење во паб или танцување во еден од многуте клубови, па дури и во термалните бањи.
3. Градот располага со голем број ресторани и кафулиња каде се служи превкусна храна – модерна во елитни ресторани, или традиционална унгарска како lángos .
4. Можете да уживате во бесконечните панорамски глетки со кои располагаат многу места во градот.
5. Со прекрасната архитектура, неверојатните глетки и уникатните кафулиња, претставува едно од најдобрите места за Инстаграм фотки.
6. Градот е преполн со прекрасни термални бањи со лековити својства и секако, одлична архитектонска градба, како што е Széchenyi.
7. Има стара, долга и фасцинантна историја која вреди да ја слушнете од туристичките водичи.
8. Природата е секогаш блиску до вас и вреди да посетите еден од многуте големи паркови исполнети со зеленило и да „избегате“ од сè.
9. Можете да го посетите третиот најголем парламент во светот чија градба е во готски стил и важи за еден од најубавите.
10. Или да го посетите замокот Буда кој е историски комплекс во кој биле сместени унгарските кралеви, а се наоѓа на врвот на тврдината Хил.