9 причини зошто вреди да го посетите прекрасниот Истанбул
Хипстерски соседства
Забавниот дух на хипстерите го има во многу концептуални продавници, кафулиња и коктел барови во соседствата како Galata, Karaköy и Arnavutköy.
Прошетајте низ овие места, кои ќе ви дадат вистинско чувство за локалната култура, на страна од местата преполни со туристи.
Остатоци од Византиската империја
Покрај архитектурата од Отоманската империја, во Истанбул ќе пронајдете и значајни остатоци од Византиската империја. Црквите и градбите од овој период може да ги сретнете на секој агол.
Магичниот Босфор
Не можеме да зборуваме за Истанбул, ако не го споменеме Босфор, познатиот проток што ја дели Европа од Азија.
Задолжително појдете на крстарење на Босфорот за да ги видите прекрасните глетки кон градот од вода. Исто така, посетете некој од рестораните за морска храна со поглед кон водата.
Турските бањи
Турските бањи или амани се препознатливи за Истанбул. Ако сакате луксузно искуство посетете ги Sultan Hamamı и и Kılıç Ali Paşa Hamamı.
Капењето во неверојатните мириси и комплетната релаксација ќе ви бидат еден од најубавите мигови од патувањето.
Шопинг
Од интернационални дизајнерски продавници до најголемите покриени пазари во светот, Истанбул има по нешто за сечиј буџет.
С. С. | Црнобело