Магија покрај море: Делото „Umbrellas“ - една од најголемите атракции во Солун

Ова дело се прилагодува на времето и условите и е вистински мелем за очи.

magija-pokraj-more-deloto-umbrellas-edna-od-najgolemite-atrakcii-vo-solun-01.jpg

„Umbrellas“ е импресивно дело на познатиот грчки скулптор Giorgios Zoggolopoulos и е една од најголемите атракции во Солун.

Ова дело е централно лоцирано покрај море. Ќе бидете шармирани од неговата големина и моќност. Делото е високо 13 метри и изгледа како да достигнува до небото.

Уникатно и адаптибилно, тоа го одразува расположението на времето. Во зима чадорите стојат како симбол на заштита, за време на магла тие се сјајната точка на хоризонтот, а во лето си поигруваат со сончевите зраци.

За прв пат ова дело на  Zoggolopoulos е претставено на најпрестижна интернационална ревија на уметноста, односно на 46-тото Биенале во Венеција, и откако доби низа позитивни критики во 1997 година беше поставено во Солун.

Структурата е направена од нерѓосувачки челик и е едно од омилените места за фотографирање во Солун.

Чадорите за време на зајдисонце се навистина романтична глетка.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ненеци, народ кој живее „на работ на светот“: Јадат месо од ирваси, преживуваат и на -50°C Секое семејство има по еден ирвас „домашен миленик“. А ирвасите им нудат на Нене...
Локал близу IKEA во Солун со коктел бар, плажа и детско игралиште - за со друштво или со деца (фото)... На излезот од Солун, во близина на IKEA се наоѓа Ergon Agora, уникатен локал кој...
Безброј светилки, многу тезги со храна и подароци: Брисел е волшебен во празничната сезона И оваа година, божиќниот маркет во Брисел е сместен во самото срце на градот, и ...
Плажата која ги победи Малдиви за „најсино море“ се наоѓа во Албанија - на 270km од Скопје Чиста тиркизна вода, волшебен поглед, светол песок... Плажата на огледалата (Pas...
10 најубави плажи на Јонските Острови во Грција Љубителите на кристално чисто море во тиркизна нијанса нема да погрешат доколку ...
Предлози за викенд во Солун: Музеј на селфи, лизгалиште и забавен парк за целото семејство Топло време, чист воздух, новогодишно декориран: Солун во предновогодишна атмосф...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg