Во Барселона - кражби, во Каиро - измами: Опасности во градовите кои туристите ги занемаруваат
Постојат градови во светот, во кои туристите треба да бидат многу внимателни.
Секој од нив е познат по нешто специфично што може да претставува опасност, а туристите често го занемаруваат или пак, воопшто не се ни запознаени.
Секако, тоа не значи дека не треба да ги посетите овие места, но за време на престојот во нив, треба посебно да внимавате на одредени работи.
Погледнете што претставува опасност во следниве градови:
Барселона, Шпанија
Барселона е познат град по џепарошите, со оглед на тоа што овде ги има стотици такви, а тешко може да ги препознаете.
После Барселона, следни со оваа опасност се издвојуваат Рим, Прага и Париз.
Повеќето кражби се случуваат на главната улица – La Rambla, па бидете внимателни со парите и важните предмети кои ги носите со вас додека шетате низ градот.
Каиро, Египет
Каиро е привлечен град за многу туристи, но нешто што мора да се знае е дека овој град е опасен за жените. Друго што не треба да заборавате е политичката ситуација и повремените вооружени напади и конфликти.
Трето, постојано ќе ви приоѓаат луѓе кои ќе сакаат да ве измамат – најпознатиот пример за тоа е: да се качите на камила чини 5 евра, а да се симнете од неа, 50. Затоа, бидете внимателни пред да направите било што.
Патаја, Тајланд
Она што може да се истакне како една од најопасните работи во Тајланд е тоа што никогаш не може да знаете како ќе бидете отруени.
Ова посебно се случува во Патаја – валкан, но популарен град за туристите. Виновници за труењето се најчесто морските плодови, месото и салатите.
Локалците ја јадат оваа храна со многу зачини кои имаат антисептички својства, а туристите без нив, па затоа доаѓа до труење. За да се заштитите, јадете исто што и локалците.
Неапол, Италија
Градот иако е популарен, отсегогаш во него постоел криминалот. Џепарошите исто така ги има и овде, а од никаде може да ве одмине човек на скутер и да ви ги собере сите вредни работи што ги држите во рака.
Има и локални „бизнисмени“ кои ќе почнат да ви го перат автомобилот, а потоа ви бараат многу пари (иако ова постои и кај нас).
Тихуана, Мексико
Градот се наоѓа на граница помеѓу САД и мексико, па многумина доаѓаат да се релаксираат на еден ден во Мексико. Но, не доаѓаат само луѓе за релаксација, со оглед на тоа што многу криминалци во бегство се кријат во градот, а продажбата на дрога е на високо ниво.
Мумбај, Индија
Секој турист во Мумбај е опколен од група просјаци кои го гледаат како паричник во движење. Многу од нив се преправаат во нешто за сами да им оставите пари, а има и такви кои се обучени за кражба.
Исто така, овде е голем бројот на напади врз жените, плус топлата клима создава услови за труење или разболување.
Рио де Жанеиро
Santa Teresa е едно од централните делови на градот, а е многу небезбеден иако воопшто не изгледа така. Доколку се најдете овде, подобро ви е да не се фалите со телефоните и камерите, бидејќи може некој да ве нападне или да ви го украде.
Во центарот на градот исто така треба да избегнувате да шетате навечер и секако не одете во дивите наслеби без водич, иако изгледаат многу привлечно.
Париз, Франција
Романтичниот Париз баш и не е толку безопасен град како што изгледа – во центарот има многу џепароши, просјаци и насилници кои се обидуваат да ви продадат секакви ситници, но најдобро е да ги избегнувате.
М. М. | Црнобело