10-те најдобри дестинации за женско соло патување

Грција

Ако сте љубители на живописни острови, богата историја и прекрасни цркви, морате да ја посетите Грција. Жителите се секогаш ведри и подготвени да помогнат, па оваа земја е безбедна за патување.

Задолжително посетете некој од многуте острови, прошетајте се по тесните улички полни со продавници и кафулиња и пробајте ги вкусните грчки традиционални специјалитети.

Најдобро време за посета: мај и јуни

Каков превоз да користите таму: за превоз во копнените делови, најдобар е автобускиот систем KTEL.

10-te-najdobri-destinacii-za-zhensko-solo-patuvanje-12.jpg

10-te-najdobri-destinacii-za-zhensko-solo-patuvanje-13.jpg

Јапонија

Има многу причини да ја посетите Јапонија. Тоа е земја со многу бои и богата култура. Посетете го Токио – градот што живее со брзо темпо. На ја заборавајте и прекрасната планина Фуџи на која се наоѓа активен вулкан кој ги инспириран сите кои го посетуваат.

Најдобро време за посета: во март и април ќе можете да уживате во расцветаните дрвја со јапонски цреши, а Токио најдобро е да го посетите од септември до ноември.

Каков превоз да користите таму: во Јапонија, железничкиот систем е мошне развиен, па најдобро е да користите воз или метро.

10-te-najdobri-destinacii-za-zhensko-solo-patuvanje-14.jpg

10-te-najdobri-destinacii-za-zhensko-solo-patuvanje-15.jpg

Хонгконг

Хонгконг се карактеризира со огромни облакодери, првокласни продавници и дизајнерски бутици одлични ресторани. Ако сакате нешто поразлично од сè друго, Хонгконг е одлична дестинација. Кога ќе ви здодее од градскиот живот, посетете ги плажите на островите во близина на градот.

Островот Лама е нешто што мора да се види, како и големата статуа на Буда на островот Лантау.

Најдобро време за посета:  јули и август

Каков превоз да користите таму: најлесниот начин е ако користите градски автобуски превоз кој има линии низ целиот град.

10-te-najdobri-destinacii-za-zhensko-solo-patuvanje-16.jpg

10-te-najdobri-destinacii-za-zhensko-solo-patuvanje-17.jpg

Португалија

Посетата на Португалија е одличен начин да си посветите време за себе. Задолжително посетете го Алгарве – регион познат по многубројните спа-центри и третмани за нега на телото и духот. Традиционалните селца на падините на Монтемуро ќе ве воодушеват на прв поглед, а во долината Коа ќе најдете камења стари повеќе од 10.000 години.

Најдобро време за посета: во пролет, кога целата земја е преполна со шарени цвеќиња или во септември и октомври.

Каков превоз да користите таму: ако патувате со воз, ќе уживате во прекрасни глетки и пејзажи, а и цените на билетите се евтини. Развиен е и автобускиот систем.

10-te-najdobri-destinacii-za-zhensko-solo-patuvanje-18.jpg

10-te-najdobri-destinacii-za-zhensko-solo-patuvanje-19.jpg

Колумбија

И покрај негативните стереотипи кои постојат, Колумбија е земја која вреди да ја посетите, и тоа сами. Огромните плантажи со кафе и прекрасните планини ќе ве воодушеват, а главниот град, Богота, изобилува со шаренолика улична уметност и динамичен начин на живот. Задолжително посетете го Карипското крајбрежје.

Најдобро време за посета: ако одите на море, било кое време во годината е поволно, а ако одите во Богота, најдобро време е од декември до март.

Каков превоз да користите таму: најевтини авионски билети нуди авио-компанијата Viva Colombia.

10-te-najdobri-destinacii-za-zhensko-solo-patuvanje-20.jpg

10-te-najdobri-destinacii-za-zhensko-solo-patuvanje-21.jpg

М. В. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

12 европски дестинации кои може да ги посетите во есен (според искусни патувачи) Ако немате идеја каде да заминете на следно патување, искусните патувачи на Euro...
5 најбезбедни европски градови (совршени за жени кои патуваат сами) Иако Италија е романтична дестинација, сепак, е одлично место и за сам...
Предлог за кратко викенд патување: 5 преубави македонски села Овие пет села се само мал дел од богатата ризница на Македонија. Ги има уште мно...
5 дестинации на Медитеранот, совршени за бегство од реалноста во пролет Шарените куќи во Чинкве Тере или старите градби во Малта - која ќе биде вашата м...
Лажни резервации за хотел и авионски билети – Како да ги избегнете измамите кога резервирате за одмо... Не наседнувајте на лажни пораки со честитки дека сте добитник на бесплатно патув...
8 европски дестинации со пријатни температури за патување во месец мај Доколку планирате одмор во непосредна близина, секако на оваа листа е нашиот јуж...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg