10 трикови како бесплатно да ги видите најпознатите туристички места во Европа
Кога патувате во градови коишто се Мека за туристи, често пати голем дел од вашиот буџет завршува во купување влезници за музеи и останатите туристички атракции.
Всушност, ќе се изненадите на колку прекрасни места низ Европа може да уживате без да потрошите ниту еден цент.
Проучете ги следните 10 туристички локации коишто можете да ги посетите бесплатно и добро подгответе се за следното патување:
Градини и паркови
Градските паркови во Европа се најчесто одличен избор да го поминете денот и да не потрошите пари додека уживате. Парковите Tuileries Gardens во Париз и Mirabell во Салцбург се одлични дестинации за секој турист.
Музеи
Еднаш во месецот, на определен ден, скоро сите музеи, бесплатно ги отвораат своите врати за посетителите. На пример, музејот Лувр во Париз може да го посетите бесплатно секоја прва недела од месецот во периодот од октомври до март и дополнително на 14 Јули. Влезницата во музејот за другите денови чини 17 евра.
Во голем број од останатите музеи честопати посетата е бесплатна за сите. На пример во Музејот на парите во Виена каде што своите дела ги изложуваат младите уметници од Австрија.
Во Лондон можете да го посетите Природонаучниот музеј бесплатно, а колекцијата содржи повеќе од 70 милиони поединечни музејски поставки – растенија, минерали, фосили и животни од целиот свет.
Платформи за набљудување
Во голем дел од Европските градови има платформи за набљудување од коишто можете да уживате во прекрасниот поглед на градот бесплатно.
На пример, еден од најдобрите видиковци во Барселона е бункерот Del carmel на врвот на ридот Turo de la Rovira. Ова е бесплатна платформа за набљудување која ви нуди прекрасен поглед на градот и другата страна од ридот (комплетни 360º). Местото е пристапно 24 часа.
За да го видите Париз бесплатно од птичја перспектива, можете да се качите на платформите за набљудување на шопинг центрите Galeries Lafayette и Prentan, како и на Институтот на Арапскиот свет. За споредба, за да се качите на Ајфеловата Кула ќе треба да платите 17 евра.
Бесплатни концерти
Европа е рај за љубителите на музиката, којашто може да се слушне не само во концертните сали, туку и бесплатно во црквите, парковите или на плоштадите.
На пример, секоја година во мај и почетокот на јуни, Виенската Филхармонија организира бесплатни концерти на класична музика на отворено. Настанот се одржува во паркот на дворецот Шенбрун.
Во Прага, во градината на палатата Валдштајн, исто така се одржуваат бесплатни концерти под името „Културно лето во сенатот“. Секој четврток од 17 часот до крајот на септември можете да слушате концерти на лимени оркестри, џез бендови и хорови.
Скулптури
Покрај тоа што можете да ги видите познатиот Manneken Pis во Брисел и Малата Сирена во Копенхаген, низ Европа можете да се восхитувате и на многу други скулптури бесплатно.
На пример, една таква скулптура е восхитувачкиот Превртен Коњ во Прага или скулптурата на самовилите изработени во жица од нерѓосувачки челик во паркот Трентам во Стоук он Трент во Велика Британија.