Дестинација - Амстердам: Топ 10 кафулиња за посета
Кога станува збор за патувањата низ Европа, Амстердам е секогаш добра идеја. Има многу причини да го посетите овој неверојатен град кој ќе се воодушеви со сè она што го има.
Уште кога ќе стигнете во овој холандски град ќе ве обземе неговата динамична енергија која се чувствува во секој агол.
Освен што е познат по дрвените кломпи и различните видови кашкавали, во кафулињата во Амстердам служат одлични кафиња во кои сигурни сме дека ќе уживате.
Сите кафулиња се со различен амбиент и секој може да си пронајде омилено по свој вкус.
Ние ви предлагаме 10 кафулиња во Амстердам во кои ќе уживате и во кафето, и во амбиентот:
Caffènation
Caffènation е кафуле кое потекнува од Белгија, но од пред неколку години го има и во Амстердам. Се наоѓа во т.н. Белгиски кварт, спроти еден парк, па додека го пиете кафето ќе уживате во глетката.
The Bulldog
Ова кафуле е едно од најстарите и најпознатите во Амстердам. Го има на пет локации низ градот и секоја од нив има посебен шарм.
Trakteren
Релаксирано кафуле во кое освен што можете да се напиете вкусно кафе, можете и да уживате во некое мафинче или колаче.
White Label Coffee Roasters
Во ова кафуле ќе се чувствувате како дома. Амбиентот личи на дневна соба, а има и книги кои можете да ги читате додека сте таму, а често се прават и свирки.
Sweet Cup
Во Sweet Cup ќе најдете мир и тишина среде целата таа бучава од туристи во градот. Сопствениците освен кафе и пијалаци, прават и домашни торти.
Scandinavian Embassy
Ова кафуле има 3 сопственици од 3 различни земји – шанкерот е од Аргентина, готвачот од Шведска, а дизајнерот на ентериер од Полска. Искуство кое дефинитивно не смеете да го пропуштите.
Back to Black
Во непосредна близина на познатиот Rijksmuseum се наоѓа кафулето Back to Black. Ова кафуле нуди одличен избор на кафиња во кои ќе уживате на малечката тераса надвор.
Koko Coffee & Design
Сместено во познатиот Red Light District, Koko Coffee & Design е вистински избор за креативците кои сакаат силно и квалитетно кафе во интересно уреден простор каде се продава и облека.
Espressofabriek
Кафулето постои повеќе од 10 години и нуди интересен избор на кафиња, а лоцирано е во паркот Westerpark, во близина на многу маркети и продавници.
The Coffee Virus
Освен што нуди кафе, пијалаци и вкусна храна, ова кафуле служи и како co-working простор за фриленсери, креативци и сопственици на мали бизниси.
М. В. | Црнобело