„Синото око“ во Албанија ќе ви го запре здивот со својата природна тиркизна убавина
Природата била особено дарежлива на околу 20 km оддалеченост од центарoт на познатото туристичко место Саранда во Албанија.
Тука ќе го пронајдете природниот феномен наречен „Сино око“ или „Syri i kaltër“, кој претставува извор длабок околу 50 метри под земја низ кој постојано без престан извира кристално чиста вода со брзина од околу 18.4 l/s.
Водата е толку многу чиста што, верувале или не, може дури и да ја пиете доколку сакате.
„Синото око“ е природен резерват обвиен со дабови дрвја и горски бели јавори, чиј продорен мирис се меша со бучното тиркизно синило.
Сите оние кои се подготвени за малку авантура може слободно да се нурнат во длабокиот извор или мирно да запливаат по водата која претставува главен извор на реката Бистрица.
Патем, тоа е единствената река во земјата која се влева во Јонското наместо во Јадранското Море.
За сите оние кои летово ќе се најдат во Албанија во близина на Ксамил и Саранда и оние кои се љубители на недопрена дива природа, задолжително посетете го магичното „Сино око“:
(О)Милена | Црнобело