7 совети за совршен лет кои не им се познати на повеќето патници

Летањето со авион денес претставува една од најпрактикуваните форми на транспорт, но многу патници не знаат како максимално да го искористат тоа, односно не ги знаат сите корисни совети и правила за летање.

7-soveti-za-sovrshen-let-koi-ne-im-se-poznati-na-povekjeto-patnici-01.jpg

Еве неколку важни совети кои треба да ги имате на ум:

Кога летате високо, температурите се многу пониски отколку на земја

Температурата во воздух може да достигне и од -60 до -65°C, дури и на лето кога често повеќето патници се одлучуваат да патуваат по кратки панталони и маички со кратки ракави. Но, ако сакате да уживате во глетката покрај вас, без да премрзнете, најдобро е со себе да носите нешто потопло.

7-soveti-za-sovrshen-let-koi-ne-im-se-poznati-na-povekjeto-patnici-1.jpg

Одберете чај или сок од домати, наместо кафе или вода

Водата и пијалаците кои се подготвуваат во авионот можат да содржат штетни патогени бактерии како Escherichia coli и Staphylococcus aureus. Па затоа, најдобро е да одбирате жежок чај или флаширана вода која сами си ја отворате или сок, пример од домати.

7-soveti-za-sovrshen-let-koi-ne-im-se-poznati-na-povekjeto-patnici-2.jpg

Помошната подвижна масичка е преполна со бактерии

Без разлика на тоа колку се чисти авионот после секој лет, на овие пластични делови се добираат прашина и бактерии, па најдобро е на истите воопшто да не ставате храна. Ако сепак сакате да ја користите, најдобро е при рака да имате антибактериски влажни марамчиња.

7-soveti-za-sovrshen-let-koi-ne-im-se-poznati-na-povekjeto-patnici-3.jpg

Најдобро е да летате рано наутро

Ако имате можност да одберете кога сакате да летате, најдобро е секогаш да одбирате да летате рано наутро, тогаш летовите имаат најмалку откажувања и плус, ако се плашите, има најмалку турбуленции.

7-soveti-za-sovrshen-let-koi-ne-im-se-poznati-na-povekjeto-patnici-4.jpg

Служењето во последните редови е подобро

Ако сакате да добиете подобра услуга и подобра храна (пример да одберете пилешко, наместо преостанатата риба која се служи за ручек) најдобро е да седите позади, бидејќи во тие редови на стјуардесите им е полесно да донесат порција храна, шише вода или нешто друго и да останат незабележани од другите патници.

7-soveti-za-sovrshen-let-koi-ne-im-se-poznati-na-povekjeto-patnici-5.jpg

Не ја пумпајте комплетно перницата

Не ја дувајте премногу перницата, од притисокот, горе високо може да ви пукне.

7-soveti-za-sovrshen-let-koi-ne-im-se-poznati-na-povekjeto-patnici-6.jpg

Ако имате можност, одберете специјално мени

Дури и да не сте пребирливи, велат дека храната која сте ја побарале од специјалното мени секогаш е повкусна и може да варира.

7-soveti-za-sovrshen-let-koi-ne-im-se-poznati-na-povekjeto-patnici-7.jpg

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Топ 15 божиќни пазари во Европа за 2024 како од бајка – кога да ги посетите? Божиќниот пазар во Будимпешта е избран за најдобар за 2024 кој ќе вреди да го по...
Бев на одмор во Грција во средината на септември - Зошто ми се допадна летувањето на крајот од сезон... Единствената лоша страна на летувањето вон сезона, на крајот на септември, е тоа...
Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
„Живеев во Дубаи и го мразам – сите, освен богатите мажи, се третирани како предмети“ „Гледав мажи кои шетаат со три по сопруги кои изгледаа мизерно. Ме бомбардираа с...
Ненеци, народ кој живее „на работ на светот“: Јадат месо од ирваси, преживуваат и на -50°C Секое семејство има по еден ирвас „домашен миленик“. А ирвасите им нудат на Нене...
„Бев во два живописни града во Романија, патував 8 часа со автобус од Скопје – цените беа исти како ... „Прошетките по живописните улички на Темишвар и Сибиу, скромната невеста што поз...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg