20 чудесни дестинации во Европа
11. Анси, Франција
Многумина ќе се сложат дека Анси е најубавиот и најмагичниот мал град во Европа. Се наоѓа крај истоименото езеро во југоисточна Франција, кое е второ по големина, а е прогласено за најчисто во Европа. Главно обележје на Анси се водените канали, поради кои неодоливо потсетува на помала верзија на Венеција.
12. Брашов, Романија
Брашов е еден од најпосетените градови во Романија, пред сѐ поради близината со атрактивните стари градови и замоци. Ако сте фан на возењето по „нескротени“ патеки, тогаш патиштата кои водат од Брашов до околните села едноставно ќе ве воодушеват.
13. Санкт Петербург, Русија
Љубители сте на руската книжевност? Ве привлекуваат деталите од руската историја? Тогаш Санкт Петербург е вашиот тип на град. Толку руски, а сепак толку различен од остатокот на државата. Богатата руска историја и космополитскиот начин на живот се испреплетуваат на секој чекор во градот. А, доколку сте заинтересирани и за величествената руска архитектура, додадете го Санкт Петербург на својата листа за патувања уште веднаш.
14. Стокхолм, Шведска
Доколку сакате да го искусите сиот шарм на северот, во градот кој својата слава ѝ ја должи на популарната група ABBA, тогаш Стокхолм треба да биде вашата следна дестинација. Шведската престолнина е град кој заслужено го носи епитетот „скандинавски бисер“. Ќе ве воодушеви со старинскиот шарм и неодоливиот амбиент, а разочара единствено со превисоките цени.
15. Езерото Блед, Словенија
Идилично, тивко и релаксирачко, езерото Блед е едно од најубавите во Европа. Има сѐ што ви е потребно за да се одморите и подготвите за новите животни предизвици. Поради блискоста со Љубљана, Блед е совршена дестинација за еднодневен излет и опуштање во сликовитата природа за сите оние кои ќе го посетат главниот град на Словенија.
16. Цермат, Швајцарија
Без оглед на тоа дали сте скијач-почетник, или веќе сте добро изграден вљубеник во снежните радости, скијањето на падините на Цермат буквално ќе ве остави без здив. Импресивните скијалишта кои се простираат од швајцарските, па сѐ до италијанските Алпи, ретко кого оставаат рамнодушен.
17. Замокот Килхурн, Шкотска
Едни од најубавите глетки ќе ги пронајдете токму во Шкотска. Прекрасниот брег, во комбинација со изолацијата од остатокот на светот се добитен избор за секој патник кој е во потрага по мир и спознавање на себеси. На тој пат, не заборавајте да го посетите руинираниот замок Килхурн, изграден во далечниот 15-ти век. Отворен е за туристи во текот на летото, овозможувајќи им на посетителите да се запознаат со дел од неговата древна историја.
18. Халштат, Австрија
Сликовитото село на истоименото езеро е една од најпрепознатливите локации во Австрија. Селото лежи на богати рудници за сол, која овде се вади од пред 7000 години, а што допринело кон тоа Халштат да стане познат ширум светот. Денес, пак, она што најмногу ги привлекува туристите се прекрасните пејзажи и мирното езеро, кои го прават совршено место за одмор во природа.
19. Бонифацио, Корзика
Бонифацио може да се пофали со две мориња по цена за едно, како и долг повеќекилометарски брег. Средоземното Море се наоѓа на западната, а Тиренското Море од источната страна. Ова место нуди широк спектар на занимации за активен летен одмор, но само доколку сте подготвени да му одолеете на капењето во тиркизно синото море.
20. Мон Сен Мишел, Франција
Островот Мон Сен Мишел е посебен по тоа што секој ден, плимата го отсекува од остатокот на светот, а осеката одново го спојува. Во средиштето е црквената кула, сместена во самото срце на островот. Црквата е изградена во 709-та година, a кон крајот на 10-тиот век тука пристигнуваат Бенедиктинците, градејќи ги зданијата кои ја сочинуваат визурата на островот денес.
М. А. | Црнобело