Кои се најпопуларните светски локации за фотки на Инстаграм?
Времето на тешки албуми преполни фотографии е одамна поминато. Фото-албумот на денешницата го имате на дофат на раката со притискање едно копче, омилениот Инстаграм.
Покрај фотките со храна, мода и фитнес, особено интересни се оние со познати светски локации, а Инстаграм ја објави листата на најфотканите за годината која измина.
Еве ги најпопуларните 16 локации во светот кои се фоткаат и објавуваат на Инстаграм.
Дали и вие имате слика од некоја на вашиот профил?
Куќите на Гауди во Барселона, Шпанија
Мостот „Tower bridge“ во Лондон, Велика Британија
Аеродромот во Лос Анџелес, САД
Спортската сала „Медисон Сквер Гарден“ во Њујорк, САД
Колосеумот во Рим, Италија
Трговскиот центар „Сиам Парагон“ во Банкок, Тајланд
Забавниот објект „ВДНХ / Vystavka Dostizheniy Narodnogo Khozyaystva“ во Москва, Русија
Бруклинскиот мост во Њујорк, САД
Пристаништето „Санта Моника“ во Калифорнија, САД
Лас Вегас во Невада, САД
Музејот „Лувр“ во Париз, Франција
Ајфеловата кула во Париз, Франција
„Тајмс Свер“ во Њујорк, САД
„Централ Парк“ во Њујорк, САД
Филмските локации на „Universal“ студиото низ САД
„Дизниленд“ забавните паркови во Калифорнија и Флорида, САД
(О)Милена | Црнобело