Ја обиколиле цела планета и ги откриле 8-те најубави места во светот
Ако ви недостасува инспирација за патување, приказната на овие 7 фасцинантни лица ќе ви ја разбуди желбата. Тие ја обиколиле речиси целата планета, патувале со години и ги откривале најубавите места во светот.
Крајната листа од 8-те најпрекрасни места ќе ве остави без здив:
1. Нова Гвинеја
Остров на кој го имате целиот свет, од екваторот до Северниот пол. Планините се толку високи што на нив има глечери. Всушност, тоа е единственото место во светот каде може да стоите на корален гребен и да гледате кон глечерите.
2. Националниот парк Canyonlands, Јута
Убавина за која никогаш не сте престари. Нереалните кањони се седмото најубаво место кое мора да го посетите барем еднаш во животот.
3. Boundary Waters, Минесота
Ако сакате зимзелени дрвја и уживате во возењето по мирна вода, ова е совршено место за вас. Стотиците мали езера кои се меѓусебно поврзани создаваат една мирна водена слика која ретко каде може да ја видите.
4. Ришикеш, Индија
Северното гратче Ришикеш е посебно место кое е познато како светски центар на јогата. Градот се наоѓа токму на местото каде реката Ганг извира од Хималаите и започнува да тече слободно.
5. Патека за пешачење Сиера, Калифорнија
Дива патека која е создадена за оние кои сакаат предизвици. Чекорите се толку мирни, а очите доловуваат една сосема поинаква, адреналинска слика.
6. Паркот Killarney, Канада
Патеката за пешачење е во тесна конкуренција со овој природен парк. Се наоѓа 5-6 часа на север од Торонто, а кога еднаш ќе стигнете ќе забележите прекрасна канадска шума, кристално чисти езера и цврсти карпи на сите страни.
7. Халанеи, Хаваи
Рајско место, посебно кога сонцето ќе изгрее по дождот, затоа што тогаш се создаваат магичните виножита. Ќе видите водопади кои паѓаат од планините директно во океанот. Има ли нешто поубаво?
8. Тоскана и Поситано, Италија
Иако звучи како клише, и веројатно многу пати до сега сте слушнале за овие места, не можете да ја доловите нивната убавина додека не ги посетите. Не ви е потребен никаков план - само широко отворени очи.