Туристички атракции кои вреди да ги посетите во 2015-та година

Врз основа на досегашните трендови и популарни дестинации, веќе можеме да заклучиме кои дестинации и кои туристички услуги ќе го достигнат својот врв следната година.

10-turisticki-atrakcii-koi-vredi-da-gi-posetite-vo-2015-ta-godina-1.jpg

Никогаш не е рано да го испланирате вашето следно патување, затоа ви нудиме неколку идеи за следната 2015-та.

Јапонија ќе стане нова евтина дестинација

Откако е расчистен хаосот кој зад себе го оставија земјотресите и останатите природни катастрофи, Јапонија е во состојба да се врати на кампањата за привлекување туристи.

Валутата ќе опадне, па затоа се очекува дека прошетките во оваа земја ќе бидат посебно евтини.

10-turisticki-atrakcii-koi-vredi-da-gi-posetite-vo-2015-ta-godina-2.jpg



Лима ќе стане нова гастрономска дестинација

Лима во Перу веќе подолго време ја гради својата репутација како гастрономска дестинација, а оваа година најдобриот ресторан во светот се наоѓа токму тука.

10-turisticki-atrakcii-koi-vredi-da-gi-posetite-vo-2015-ta-godina-3.jpg



Иран ќе биде хит на Блискиот исток

Туристите се сè позаинтересирани за посета на Иран во кој се наоѓаат споменици од древните култури, прекрасни џамии и одлични природни пејзажи.

Најпопуларни градови се очекува да бидат Исфахан и Техеран, но и плажите покрај Каспиското море.

10-turisticki-atrakcii-koi-vredi-da-gi-posetite-vo-2015-ta-godina-4.jpg



Намибија ќе биде нов предизвик за туристите

Благодарение на богатата природа и прекрасните пејзажи, Намибија станува многу популарна африканска дестинација. Патниците ќе имаат можност да одат на едно од многуте сафарија или да го искусат доживувањето во пустините.

10-turisticki-atrakcii-koi-vredi-da-gi-posetite-vo-2015-ta-godina-5.jpg



Канбера ќе привлече луѓе кои сакаат подобар живот

Главниот град на Австралија е прогласен за најдобро место за живеење во 2014-та година. И покрај тоа што нема прекрасни згради и плажи како што има Сиднеј, дефинитивно ќе привлече луѓе и туристи кои сакаат мирен и тивок живот во близина на вештачкото езеро и културните содржини со кои располага овој град.

10-turisticki-atrakcii-koi-vredi-da-gi-posetite-vo-2015-ta-godina-6.jpg



Палаван ќе биде најпопуларна островска дестинација

Палаван се наоѓа на Филипините и неодамна е прогласен за најубав остров во светот, заради што наредната година ќе забележи голем пораст на туризмот.

10-turisticki-atrakcii-koi-vredi-da-gi-posetite-vo-2015-ta-godina-7.jpg



Фиренца останува најпопуларна градска дестинација

Фиренца е вечен фаворит, а изгледа така и ќе остане во 2015-та година. Прекрасните градби и пријатната градска атмосфера ќе ја задржат на врвот на посетеноста.

10-turisticki-atrakcii-koi-vredi-da-gi-posetite-vo-2015-ta-godina-8.jpg



Хајнан во Кина ќе биде најпосетуваната летна дестинација

Хотелските капацитети во Хајан се прошируваат, а најголем број на туристи во моментов има од Кина и Русија. Но, идното лето се очекува дека сите туристи кои се жедни за нова авантура да се упатат токму тука.

10-turisticki-atrakcii-koi-vredi-da-gi-posetite-vo-2015-ta-godina-9.jpg



Тасманија ќе привлекува авантуристи

Lonely Planet неодамна ја прогласи Тасманија за еден од најубавите региони за истражување во 2015-та. Островот има прекрасни плажи, богат животински свет, одлично вино и добри патеки за велосипедизам.

10-turisticki-atrakcii-koi-vredi-da-gi-posetite-vo-2015-ta-godina-10.jpg



Љубљана ќе стане најпосетуваната европска дестинација

Љубљана важи за една од најевтините дестинации во Европа. Затоа што е сместена помеѓу Италија, Хрватска, Унгарија и Австрија, идната година се очекува да стане дестинација која нема да може да ја заобиколите.

10-turisticki-atrakcii-koi-vredi-da-gi-posetite-vo-2015-ta-godina-11.jpg

Би можело да ве интересира:

12 европски дестинации кои може да ги посетите во есен (според искусни патувачи) Ако немате идеја каде да заминете на следно патување, искусните патувачи на Euro...
9 европски дестинации каде и во рана есен е уште топло Од Кипар до Анталија, постојат повеќе места каде може да отидете на есенско пату...
Што можете да правите во Фиренца оваа есен? Видете го најпознатиот мост во Италија, восхитувајте се на уникатната готска кат...
„Бев во два живописни града во Романија, патував 8 часа со автобус од Скопје – цените беа исти како ... „Прошетките по живописните улички на Темишвар и Сибиу, скромната невеста што поз...
Европски пролетни дестинации со евтини летови од Скопје Брисел, Франкфурт, Милано... Каде сакате да одите оваа пролет? Брисел, Франкф...
Греено вино и совршена елка за Инстаграм фотки - Зошто божиќниот маркет во Будимпешта е меѓу омилени... Не можете да не ја сакате Будимпешта во декември. Ова е време кога опива мирисот...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg