Топ 5 најубави празнични панаѓури во светот

Декември штотуку пристигна, а веќе голем број од европските градови блеснаа во духот на празниците кои следуваат.

top-5-najubavi-praznicni-panaguri-vo-svetot-01.jpg

Речиси сите изгледаат како пресликани зимски бајки, па токму затоа за сите љубители на вареното вино и божиќните сувенири, ги одвојуваме најубавите 5 панаѓури за оваа зима:

1. Божиќен панаѓур Шварцвалд, Баден-Баден, Германија

Период на траење: 29.11 - 21.12.2014

Се наоѓа под импресивниот вијадукт во германскиот мистичен Шварцвалд, каде годишно привлекува по неколку илјадници посетители. Нуди единствена детска програма и тезги преполни со божиќни сувенири, па токму поради тоа е идеална празнична дестинација за сите семејства.

top-5-najubavi-praznicni-panaguri-vo-svetot-02.jpg


2. Божиќен панаѓур на езерото Милстатер, Австрија

Период на траење: 19.11 – 21.11.2014

На оддалеченост од 1 час од австрискиот град Вилах, се наоѓа езерото Милстатер кое е прекрасно, живописно место високо на Алпите. Опкружено е со високи снежни планини, а малото гратче во близина за време на празниците се претвора во вистинска божиќна бајка со сладок мирис на топли пијалаци.

top-5-najubavi-praznicni-panaguri-vo-svetot-03.jpg


3. Божиќен панаѓур на железничката станица во Цирих, Швајцарија

Период на траење: 20.11 – 24.12.2014

Еден од најнеобичните, но и најпознати панаѓури во светот, се одржува на магична локација - главната железничка станица во Цирих. Целата атмосфера е зачинета со над 150 божиќни тезги, а во централниот дел се наоѓа богато украсената новогодишна елка која секоја година мами илјадници љубопитни туристи.

top-5-najubavi-praznicni-panaguri-vo-svetot-04.jpg


4. Божиќен панаѓур во пештерата Велвет, Холандија

Период на траење: 14.11 – 23.11.2014

Овој божиќен панаѓур е еден од најстарите подземни во Европа, кој се одржува во огромната Велвет пештера. Оваа необична пештера е препознатлива по капелата од 18 век, која со многубројните новогодишни украси создава единствена празнична атмосфера.

top-5-najubavi-praznicni-panaguri-vo-svetot-05.jpg


5. Божиќен панаѓур во селото на Дедо Мраз, Рованиеми (Лапонија) во Финска

Период на траење: Отворен во текот на целата година

Селото на дедо мраз е отворено во текот на целата година и на посетителите им овозможува да уживаат во празничниот дух во било кој дел од годината. Во овој отворен музеј кој се протега на 400 метри квадратни, посетителите може да уживаат во сите божиќни традиции, додека децата имаат можност да ја посетат фабриката за детски играчки и да се сликаат со прекрасен Дедо Мраз.

top-5-najubavi-praznicni-panaguri-vo-svetot-06.jpg

Би можело да ве интересира:

Топ 15 божиќни пазари во Европа за 2024 како од бајка – кога да ги посетите? Божиќниот пазар во Будимпешта е избран за најдобар за 2024 кој ќе вреди да го по...
Најубавите божиќни базари во Европа за 2023, кои вреди да ги посетите Од базарите во Стразбур и Колмар во Франција, до малиот базар во Опатија, Хрватс...
„Живеев во Дубаи и го мразам – сите, освен богатите мажи, се третирани како предмети“ „Гледав мажи кои шетаат со три по сопруги кои изгледаа мизерно. Ме бомбардираа с...
Предлог за кратко викенд патување: 5 преубави македонски села Овие пет села се само мал дел од богатата ризница на Македонија. Ги има уште мно...
Каде за Први мај - 13 места за излет во природа низ Македонија Со семејството или со друштво, добра музика, вкусна храна, студени пијалаци и се...
5 плажи во Албанија со кристално чисто море (од кои 4 се изолирани) До една од овие плажи се стигнува само со брод, а до другите две мора да пешачит...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg