Измислени градови од филмовите кои може да ги посетите

8-izmisleni-gradovi-od-filmovite-koi-moze-da-gi-posetite-01

Тоа што не постои не значи дека не можете и да го видите. Тоа се потврдува особено кога се работи за градовите кои ги гледаме во некои од најпопуларните филмови и серии.

Многу од нив географски не постојат во официјалната мапа на светот, но сепак се реални и може да ги посетите.

1. Mordor

Регионот Мордор во Меѓуземјата беше клучна локација за сите книги на „Господарот на прстените“. Кога се снимија филмовите според книгите клучно беше да се пронајде локацијата која најдобро го претставува Мордор, а како најсоодветно одбрано е местото Mount Tongariro на Нов Зеланд.

8-izmisleni-gradovi-od-filmovite-koi-moze-da-gi-posetite-1.jpg



2. Mos
Eisley

Повеќето луѓе кои го посетиле Тунис, веројатно биле во овој град. За потребите на филмот „Војна на ѕвездите“, направен е сет во пустина - една од најголемите атракции на државата, а се наоѓа на островот Џерба во Тунис.

8-izmisleni-gradovi-od-filmovite-koi-moze-da-gi-posetite-2.jpg



3. Narnia

Голем дел од филмот „Хроники од Нарнија“ е снимен во Нов Зеланд во подрачјето на северниот дел од островот, поточно кај Оамаруа. Тоа е познато место по својата суровост и убавина, а таму се снимани и делови од трилогијата „Господар на прстените“.

8-izmisleni-gradovi-od-filmovite-koi-moze-da-gi-posetite-3.jpg



4. Pandora

Еден од најубавите филмови „Аватар“ чие дејство се одвива на сосема друга планета по име Пандора, всушност е снимен на Хаваите.

8-izmisleni-gradovi-od-filmovite-koi-moze-da-gi-posetite-4.jpg



5. Sillent Hill

Овој град се јавува во истоимениот хорор филм кој е сниман во Пенсилванија. Интересно е како во 1962 година во рудниците под градот избувнал пожар кој гори и ден денес, а се верува дека ќе му требаат уште 250 години за да се изгаси.

8-izmisleni-gradovi-od-filmovite-koi-moze-da-gi-posetite-5.jpg



6. Canyon of the Crescent Moon

Canyon of the Crescent Moon е всушност измислена филмска локација од филмот за Индијана Џонс. Филмот е снимен во Петра во Јордан.

8-izmisleni-gradovi-od-filmovite-koi-moze-da-gi-posetite-6.jpg



7. Walford

 Ако ја имате гледано една од најпопуларните британски серии Eastenders, ќе ви текне на измислениот кварт Walford кој и реално се наоѓа во источен Лондон.

8-izmisleni-gradovi-od-filmovite-koi-moze-da-gi-posetite-7.jpg



8. Sunnydale

Ако се плашите од вампири, Sunnydale е град кој сигурно треба да го избегнете. Иако тој не постои, градот каде што е снимана серијата „Buffy the vampire slayer“ сè уште постои. Тоа е местото Вентура во Калифоринија.

8-izmisleni-gradovi-od-filmovite-koi-moze-da-gi-posetite-8.jpg

Би посетиле некој од овие градови?

Би можело да ве интересира:

Топ 15 божиќни пазари во Европа за 2024 како од бајка – кога да ги посетите? Божиќниот пазар во Будимпешта е избран за најдобар за 2024 кој ќе вреди да го по...
Морничави замоци низ Европа кои се верува дека се „опседнати“ (и можете да ги посетите) Натприродни појави, сенки, морничави гласови – ова се само дел од работите што н...
10 причини да го посетите грчкиот остров Крф Богата историја со многу знаменитости, архитектура во венецијански стил која ќе ...
Места во Македонија кои ми недостигаат: Селото во кое израснав, манастирот кој ми носи мир Кога подолго време не живееш во родната земја често ќе се најдеш во ситуацијата ...
7 ресторани во Врање кои може да ги посетите кога одите на еднодневна тура Ресторани на отворено со двор, ресторани со игралиште за деца, или со рустичен и...
Фото-прошетка низ најголемата природна цветна градина во светот – има над 150 милиони цвеќиња, се на... Секоја нова сезона ја отвора вратата за свежи и возбудливи теми во „Miracle Gard...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg