Најубавите скриени села во Европа

Во срцето на Европа покрај големите градови се наоѓаат и мали скриени села, кои ја будат љубопитноста. Токму тие ја кријат вистинската култура и традиција на земјите во кои се наоѓаат.

najubavite-skrieni-sela-vo-evropa-01

1. Bolgheri, Италија

Патекта на чемпресите води директно до селото Bolgheri, кое се наоѓа во јужната тосканска област Maremma. Околината е исполнета со лозја, па задолжително мора да застанете во Caffè della Posta на главниот плоштад и да пробате барем едно од трите црвени вина произведени уште во осумдесеттите. Во близина се наоѓа место за сместување и одмор, Relais Sant’Elena, каде има 15 соби, камин и традиционални италијански тестенини како оброк.

Како да стигнете: Bolgheri е 64 километри јужно од Пиза, ако одите со автомобил или автобус.

Каде да се сместите: Relais Sant’Elena ($182 долари за двајца)

Што да јадете: Равиоли со сос од домати во остерија Magona.

najubavite-skrieni-sela-vo-evropa-1.jpg



2. Staufen im Breisgau, Германија

На крајот на Црната Шума во јужна Германија се наоѓа идеална викенд дестинација. Истовремено е и туристичко и историскo место, каде може да се забележат и готски и модерни елементи. Постојат многу легенди кои вреди да ги слушнете од локалните жители.

Како да стигнете: Staufen im Breisgau е оддалечен за околу 75 минути возење со автомобил од Стразбур.

Каде да се сместите: Хотел Gasthof Kreuz Post ($136 долари за двајца), добро е да пробате гради од патка, палачинки со печурки и рижото во црвен сос.

Купете: Шише вино од цреши

najubavite-skrieni-sela-vo-evropa-2.jpg



3. Lavenham, Англија

Ова можеби е и најубавото гратче во Англија каде има околу 350 куќи и многу мали продавници и чајџилници. Прекрасно рурално и шармантно место кое ќе ве освои штом пристигнете.

Како да стигнете: Може да одите со воз преку Лондон и Ливерпул или со автобус преку Колчестер.

Каде да се сместите: Great House Hotel  ($162 долари за двајца) во центарот на ова село-гратче.

Каде да јадете: Вистинска англиска кујна може да пробате во Great House Restaurant

najubavite-skrieni-sela-vo-evropa-3.jpg



4.
Aberdour, Шкотска

Прекрасно мало село, исполнето со зеленило, каде не се дозволни автомобили. Но и не ви се потребни, бидејќи сите места до кои треба да стигнете се поврзани со пешачки патеки.

Како да стигнете: Aberdour е оддалечен на 30 минути со воз од градот Единбург.

Каде да се сместите: Woodside Hotel ($140 долари за двајца).

Каде да јадете: Во истиот хотел каде што ќе се сместите има одличен ресторан каде најдобро е да пробате бифтек.

najubavite-skrieni-sela-vo-evropa-4.jpg



5. Roundstone, Ирска

Никаде нема да пробате подобри капини од оние што ќе ги наберете во Roundstone. Тоа е рибарско село од 19. век. Ако се искачите на врвот Errisbeg ќе добиете чист поглед на Националниот парк Connemara.

Како да стигнете таму: Од Galway има 122 километри за возење.

Каде да се сместите: на неколку километри од Roundstone се наоѓа семејна вила Cashel House Hotel ($220 долари за двајца)

najubavite-skrieni-sela-vo-evropa-5.jpg


Погледнете уште 5 скриени села во Европа на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Паролдо: Вошебно италијанско село во кое се верува дека живеат вештерки (фото) Паролдо има околу 230 жители, а постојат легенди дека во волшебното село живееле...
„Песок мек како брашно, тиркизна вода“ – Најубавата плажа во Анталија, според српска патувачка блоге... „За да стигнете до плажата, морате да се спуштите по 200 скали, но вреди“ – вели...
7 ресторани во Врање кои може да ги посетите кога одите на еднодневна тура Ресторани на отворено со двор, ресторани со игралиште за деца, или со рустичен и...
Места во Македонија кои ми недостигаат: Селото во кое израснав, манастирот кој ми носи мир Кога подолго време не живееш во родната земја често ќе се најдеш во ситуацијата ...
Локал близу IKEA во Солун со коктел бар, плажа и детско игралиште - за со друштво или со деца (фото)... На излезот од Солун, во близина на IKEA се наоѓа Ergon Agora, уникатен локал кој...
Плажата која ги победи Малдиви за „најсино море“ се наоѓа во Албанија - на 270km од Скопје Чиста тиркизна вода, волшебен поглед, светол песок... Плажата на огледалата (Pas...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg