Магијата на шареното италијанското крајбрежје во Римини (фото)
Пред неколку години минхенскиот фотограф Бернард Ланг летувал во Италија на јадранското крајбрежје во Римини каде веднаш се забележува симетричноста и униформираноста на одделните плажи распоредени на 15 километарскиот песочен брег.
Секоја плажа е обележана со различна боја или дезен на чадорите соодветни за секој хотел во чијашто сопственост се.
Минатиот месец тој се вратил, но овојпат по воздушна линија и професионално. Познат е по неговите фотографии направени од птичја перспектива, па сакал и овде да го искористи интересниот пејзаж и спојот на колоритноста и симетријата.
Фотографирал неколку часа на линија помеѓу Римини и Равена, а она што го добил изгледа прекрасно и шарено.