Рај за сите сетила: Островот Капри
Ако сакате да ја доживеете Италија во нејзината суштина на традицијата, морето, рибите, а истовремено и стилот и модата, заедно со многу од холивудските ѕвезди кои често навратуваат, тогаш треба да го посетите островот Капри.
Преполн со убавини, сонце, море и мириси. Специфичен на свој начин, истовремено ви нуди и уживање и авантура. Рај во кој за сите има место.
Оние кои го сакаат сончањето имаат огромна плажа и бескрајно азурно море. Оние кои се по риболовот може да уживаат на големите пристаништа, да запознаат вистински морнари и рибари од кои сигурно ќе слушнат некоја интересна приказна.
Место има и за авантуристите кои го сакаат нуркањето, искачувањето по карпи или прошетката во борова шума.
Сето тоа на крајот може да се заокружи со вкусна италијанска вечера и добро вино уживајќи во погледот на најубавото зајдисонце.
Кој е за?