Приватен остров во Хрватска кој може да го изнајмите за 100 евра дневно

Ако имате да издвоите од 70 до 100 евра дневно за вашиот одмор и сакате да имате цел остров само за себе, тогаш погледнете го овој остров на хрватското крајбрежје.

privaten-ostrov-za-100-evra-na-den-vo-Hrvatska-1

За изнајмување се нуди прекрасниот остров Фарфарикулац, сместен во срцето на еден од најубавите природни паркови во Хрватска, поточно во Телашица на Долгиот Остров. Овој остров се изнајмува во оној период од годината кога не го користат сопствениците, односно фамилијата Басиоли, кој истиот го добиле во наследство.

На самиот остров се наоѓа куќата „Крусо” од 45 квадрати со прекрасен поглед кон синиот Јадран. Инаку сопствениците велат, дека доколку сакате да се почувствувате како Робизон Крусо, тогаш дефинитивно треба да престојувате токму тука.

До островот се оди со моторен чамец, кој исто така им е доделен на туристите кои ќе престојуваат таму, за да не бидат сосема изолирани.

Во последниве неколку години, постојат две бродски линии кои може да ве снабдат со сите потребни намирници додека сте таму.

Островот поседува сѐ што е потребно за еден целосен одмор, па дури и одлична врска со интернет, а во продолжение погледнете ги фотографиите: 

Како ви се допаѓа?

Би можело да ве интересира:

Коктел 15 евра, грчка салата 10 евра: Како се движат цените на Tigania, една од најубавите плажи на ... Плажата позната како „грчки Кариби“ е меѓу најскапите на вториот крак, а храна и...
Предлог за кратко викенд патување: 5 преубави македонски села Овие пет села се само мал дел од богатата ризница на Македонија. Ги има уште мно...
5 плажи во Албанија со кристално чисто море (од кои 4 се изолирани) До една од овие плажи се стигнува само со брод, а до другите две мора да пешачит...
Плажи на Кипар што вреди да се посетат (и што треба да знаете за нив) Кои се најпосетените плажи на Кипар, а за кои малкумина знаат? Во продолжение из...
Најубавите божиќни базари во Европа за 2023, кои вреди да ги посетите Од базарите во Стразбур и Колмар во Франција, до малиот базар во Опатија, Хрватс...
Каде за Први мај - 13 места за излет во природа низ Македонија Со семејството или со друштво, добра музика, вкусна храна, студени пијалаци и се...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg