Се подготвувате да патувате? Погледнете кои се „најпијаните” земји во светот

Уживањето во алкохолот не се менува, па токму затоа земјите на Европа сѐ уште заземаат високи позиции за разлика од остатокот од светот.

se-podgotvuvate-da-patvate-ova-se-najpijanite-zemji-1

Ако се подготвувате да отпатувате во некоја од овие земји, тогаш бидете претпазливи со алкохолот, бидејќи сигурно не сакате да си го уништите одморот со мамурлак.

Ова се првите 8 места, па погледнете колку литри алкохол се пие по глава на жител годишно:

8. Франција - 11,7 литри

Главен национален пијалак на оваа земја е виното. Дури 56% од вкупниот испиен алкохол е виното, 23% жестоки пијалаци, 19% пиво и 2% друг алкохол.

se-podgotvuvate-da-patvate-ova-se-najpijanite-zemji-2



7. Ирска - 11,92 литри

Познатото ирско пиво Guinnes е незаменлив и главен пијалак на оваа земја. Од целокупниот испиен алкохол 48% е пиво, 26% вино, 18% жестоки пијалаци и 8% друг алкохол.

se-podgotvuvate-da-patvate-ova-se-najpijanite-zemji-3jpg



6. Австрија - 12,1 литри

Централната европска сила за свој национален пијалак ја има ракијата, во која сите уживаат. 50% од испиениот алкохол е пиво, 26% вино, а 14% се жестоки пијалаци.

se-podgotvuvate-da-patvate-ova-se-najpijanite-zemji-4



5. Гренада - 12,4 литри

Една од ретките неевропски земји се најде на листа, со своите жители љубители на румот. 66% од испиениот алкохол се жестоки пијалаци, 30% пиво, 4% вино.

se-podgotvuvate-da-patvate-ova-se-najpijanite-zemji-5jpg



4. Чешка - 12,69 литри

Уште едни вљубеници во пивото. Редоследот на испиениот алкохол е следен: 54% пиво, 2% вино, 26% жестоки пијалаци.

se-podgotvuvate-da-patvate-ova-se-najpijanite-zemji-6



3. Литванија - 12,9 литри

Нивен специјалитет е ракијата од мед. Алкохолот го консумираат 46% во пиво, 34% како жесток пијалак, 12% друг алкохол и 8% вино.

se-podgotvuvate-da-patvate-ova-se-najpijanite-zemji-7jpg



2. Андора - 13,31 литри

Многумина се изненадуваат кога ја гледаат Андора на оваа листа, но таму виното се пие на големо. 45% од целиот алкохол е вино, 35% пиво и 20% жесток пијалак.se-podgotvuvate-da-patvate-ova-se-najpijanite-zemji-8



1. Белорусија - 14,37 литри

Националниот пијалак на оваа земја е Крамбамбула, се состои од повеќе видови на алкохол кои најчесто се прават дома по рецепт. Од целокупниот испиен алкохол 47% се жестоки пијалаци, додека пак 31 % останати пијалаци, 17% пиво и само 5% вино. 

se-podgotvuvate-da-patvate-ova-se-najpijanite-zemji-9

Би можело да ве интересира:

Најпознатите (и најзначајните) градби ширум светот Пирамидите во Египет се како симбол на древен Египет кој ја покажува моќта, но и...
Ненеци, народ кој живее „на работ на светот“: Јадат месо од ирваси, преживуваат и на -50°C Секое семејство има по еден ирвас „домашен миленик“. А ирвасите им нудат на Нене...
Плажата која ги победи Малдиви за „најсино море“ се наоѓа во Албанија - на 270km од Скопје Чиста тиркизна вода, волшебен поглед, светол песок... Плажата на огледалата (Pas...
Фотки поради кои ќе посакате веднаш да отпатувате во Швајцарија Зеленило, планини и селца кои изгледаат како од некоја бајка – Швајцарија дефини...
Фото-прошетка низ најголемата природна цветна градина во светот – има над 150 милиони цвеќиња, се на... Секоја нова сезона ја отвора вратата за свежи и возбудливи теми во „Miracle Gard...
12 причини зошто Данска е совршена земја за живот Скандинавските земји пленат со својата архитектура, начинот на живот, храната ко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg