16 знаци кои откриваат дека сте зависник од патување
Животот е прекрасна авантура во која уживаат само оние кои патуваат и откриваат нови дестинации, култури, пријателства, тоа веќе одамна ни е јасно.
Но, се прашувате дали е нормално што имате над 30 места кои сакате да ги посетите, 5 куфери со различна димензија и намена, неколку различни валути во вашиот паричник...
Тоа се само дел од знаците кои ве откриваат дека сте вистински љубители на светот и неговото постојано откривање. Ова се останатите:
1. Постојано сонувате за вашето следно патување. Која дестинација да ја одберете, што да понесете, што ќе фотографирате таму...
2. Повозбудени сте затоа што ќе одите на викенд, отколку за било што друго.
3. Идеален подарок за сите свечености се ваучерите и авионските карти, и вашите пријатели многу добро го знаат тоа.
4. Поминувате неколку часа дневно пребарувајќи ги сајтовите и блоговите за патување.
5. Се чувствувате бескорисно кога ќе помине долго време, а вие никаде не сте отпатувале.
6. Имате повеќе валути во вашиот паричник. И секоја си има посебно, однапред одредено место.
7. Не можете да си замислите како би било да останете во едно место подолго од 1 година.
8. Совршено се приспособувате на животот спакуван во само еден куфер. Всушност, го обожавате тој начин на живот.
Уште 8 знаци на следната страна...